Почесна награда на Стефанија – Промовирање на Просоцијалните вредности и подигнување на свеста за лицата со попречености

                 

Откако беше промовиран новиот музички видео запис „ Hey You, Listen!” и документарниот филм Hey You, Listen! Documentary movie / Behind the scenes , на 11 ти Мај, делото на Стефанија беше крунисано со – Почесна награда – признание за работа и промовирање на Просоцијалните вредности и подигнување на свеста за лицата со попречености на Петтата Едуконференција на учители и едукатори на Балканскиот регион, која се одржа во хотел Континентал – Скопје.

„На наша голема радост, Стефанија не е само некој уметник од некој странски спот, недостапен за нас, Стефанија е наше македонско девојче, наш колега, наш пријател почитуван, дама која вреди да се почитува за сите дела што ги прави во однос на Просоцијалните вредности кај младите генерации преку медиумите. Она што е интересно да се каже е дека Стефанија е еден едукатор, којшто успеал да го најде најдоброто од себеси и да го искористи понатаму со ширење на своите ученици, преку песна и преку танц…“ – Весела Богданович

„Голема чест ми е што моите дела започнаа да поместуваат граници како едукатор.
Благодарност до наставничката Весела Богданович што целиот мој труд го издигна на пиедестал.
Нека сето ова биде поттик заеднички да се бориме за вистинските вредности и да ја подигнуваме свеста со големи дози на љубов.“ – Стефанија