„Со љубов Стефанија“ 30.04.2017 |Емисија бр.2

„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија, посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.

18192532_800165120142440_2333912275014046456_o

Гостин: Александар Димовски, повеќекратен државен првак во кик бокс и репрезентативец во бокс и кик бокс.

Тема: Бокс и Kик бокс, демонстрација во сала, искривената слика за здравата исхрана и симнување на маските во нашите животи.
Музика: Безнадежен – Стефанија
YouTube: Stefanija – Beznadezen / Hopeless (Official music video)
(Албум Ретро – Перспектива 15′)

Автор и водител – Стефанија| Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер| Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола| Дизајниран накит – Арт ленд, Битола| Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист| Режија – Стефанија| Локација – Анастасија Центар| Уредник – Марија Чулакоска| Камера – Сашо Неделковски, Никола Најдовски| Монтажа – Билјана Мицевска| Реализација – Хдтв Мега 2017|

Welcome to STEFANIJA’s Music World

www.stefanijaofficial.com
***
Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.

***so ljubov pozadina

Дали сте се заинтересирале за подлабоки и суштински теми?

Дали сте претпоставиле колку е важно како се храниме? Дали спортувате, пеете, танцувате? Дали се запрашувате како да си го направите животот посреќен? Дали сте ја започнале потрагата по себе си?

Емисијата која ќе ви даде идеи и мотивација, која ќе ве разбуди и насочи по патот на вистинските вредности.

Тоа е новото кул и младите веќе го живеат. Бидете свои, пронајдете се, следејќи ја новата емисија исполнета со среќа…

***20170402_172213

За да ја пронајдеме сопствената среќа треба да започнеме со подредување на нашиот живот, најпрво со нашата исхрана.

Потоа следуваат спортските активности, кои ќе ни го раздвижат и активираат денот.

И на трето место, но секако важно е пронаоѓањето на слободни активности кои не прават исполнети. Секој може да се пронајде во различна област, без разлика дали е уметничка, занаетчиска или градинарска. Со ова исполнување на сопствените желби ќе имаме мотив за посветување на соодветната сопствена струка и до себереализација.

***

 

Здравата храна стана мантра на новото време, но и опсесија зад која во се поголема мера, се крие нарушување во исхраната. Почнавме да стануваме  опседнати со начинот на исхрана, почнувајќи  од тоа самостојно да создаваат систем на прехрамбени вредности, до тоа да одбираме диети ограничени исклучиво на “здрави” намирници.  Медиумите и индустријата сето тоа го поддржуваат, преплавувајќи го медиумскиот простор со површни и лажни слики на успех, убавина, здравје и совршенство, профитирајќи на растот на стравовите и понудите на т.н. здрави модели на прифаќање на сето она што го загрозува здравјето, изгледот и сликата за себе.

Сликата за здрава храна и здрав начин на живот станала искривена. Не е доволно кога ќе се рече дека треба да се јаде здрава храна, затоа што тоа не значи ништо. За тоа нутриционистите се  оние кои мора да му разјаснат на населението што значи навистина здрава храна, инаку секој друг совет во оваа област би бил ирелевантен. Мора да го промовираме здравјето и неговата заштита како основен дел од смислата на човечкото живеење. Тогаш многу луѓе би требало да сфатат дека подготвувањето на домашни оброци не е никакво губење на време, туку тоа е поважно од било која друга активност која треба да се заврши во тек на денот.слика6

Засаденото семе, го р’ти сонцето, тоа расте и се развива повторно благодарение на сончевата енергија и водата. Кога човекот го конзумира растението, го разложува со својата дигестија до ситни честички и на тој начин живее од акумулираната сончева енергија, а ги исфрла материјалните остатоци од храната. Покрај  сончевата енергија, храната се состои и од енергијата на секоја личност со која стапила во контакт од одгледувањето, па се до конзумирањето. Така што ние не внесуваме само физичка храна, туку и мислите или психичката енергија на секоја личност која била во контакт со нашата храна. Според тоа, најчиста храна е онаа која се одгледува и подготвува со љубов…

(Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист)

***

Еден нормален кик бокс тренинг стартува прво со загревање, со вежби за да го загрееме комплетно целото тело. слика7Од вратот преку рамената, па лактите, зглобовите, половината, сите оние школски вежби за загревање, плус други вежби за загревање кои се користат во боксот и кик боксот. Јас претежно работам систем од подолго загревање, во денешно време секој користи различен, мојот е старомоден од постарите боксери во Битола. После загревањето и растегнувањето, секој тренинг е различен, тренираме техника на удари, техника на став и движење, тренираме со фокусери, комбинации човек на човек, спаринзи, вреќи и на крајот на тренингот работиме стомачни мускули и истегнување. Околу возрасната категорија и половите, машки или женски нема граници. Ова е кардио тренинг кој троши премногу калории кај жените, да пробаат и за да се тргнат сите предрасуди околу кик боксот…

(Тренер, Александар Димовски)

***

Што значи простувањето за еден човек?

Сте се запрашале ли колкаво олеснување може да биде за нас, доколку си простиме пред се на самите себе, а потоа на нашите најблиски кои свесно или несвесно ни згрешиле. Со освестувањето на тие грешки и на нашите лични грешки, а притоа гласно да се изговорат и споделат, доаѓаме до стадиум на свесност кој преку простувањето ја исполнува нашата слика8потсвест со чиста љубов и среќа. Дојде времето кога треба да ги тргнеме маските од нашите животи и да започнеме да го менуваме нашиот живот со простување, затоа што сите имаме потреба од хармонија и балансирана среќа. Секој доколку ја започне сопствената промена ќе започне да зрачи и на другите луѓе, а среќата е заразна. Па со нејзиното ширење загарантирано е подобрувањето на нашето општество. Јас лично ја симнав маската на сцената од мојот живот, дојде твојот ред да го направиш овој чекор!

***

Животот е боксерски ринг доколку не живееме по вистинските вредности!

Сакајте, радувајте се на малите нешта, затоа што се’ се случува со причина!

Со љубов,

ваша Стефанија.

* Целосно издание на Емисија бр. 2 :

[youtube id=”BSbUUkiSyxc”]

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *