„Со љубов Стефанија“ 21.05.2017|Емисија бр.5

„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија, посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.

Гостинка : Јасмина Јошевска, автор и писател2
Тема: жената херој, детоксификација на организмот и баланс на машко женската енергија.
Музика: Стефанија – Волшебен миг
(Албум Ретро – Перспектива 15′)
Stefanija – Volseben mig / Magical moment (Official music video)

Автор и водител – Стефанија
Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер
Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола
Дизајниран накит – Арт ленд, Битола
Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист
Режија – Стефанија
Локација – Анастасија Центар
Уредник – Марија Чулакоска
Камера – Никола Најдовски
Монтажа – Билјана Мицевска
Реализација – Хдтв Мега
2017

www.stefanijaofficial.com
***
Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.

***

Ве поздравувам сите вас кои станавте верни пријатели и ја следите оваа 1емисија која има за цел да буди и да свестува. Во денешната емисија акцентот ќе го ставиме на жената, сметајќи дека доколку жената е духовно разбудена, емоционално исполнета, физички подготвена и професинално реализирана, ќе зрачи со мир и хармонија насекаде. Тоа е заразно, па се пренесува во воспитувањето на децата, на најблиските, пријателите па дури и на соработниците. Веќе од 18ти век жената успеа да крене глас со повик за свои права и тоа е успешно во некои европски земји, но тоа не важи во арапските земји. Сепак наше е да размислуваме што се случува кај нас и сите знаеме дека сеуште важи традициналниот однос кон жената, но малку ни фали тој либерализам кој секако треба да биде воден од вистинските вредности на живеењето.

***

Детоксификација и чистење на организмот се клучни компоненти за одржување на здравје и виталност, тие се подеднакво важни како и спроведувањето на правилната исхрана. Целта на прочистувањето е да осигура правилен проток на животната енергија.

Ќе ви објаснам како да се спорведе? Во телото постојат 4 главни канали за елиминација на токсини,  тоа се кожата, бубрезите, белите дробови и цревата.  Со нивна стимулација се поттикнувава чистењето на организмот.

Како се предизвикува нивна стимулација?3

КОЖА – преку потењето таа ги исфрла отровите, затоа е важно да стимулираме потење, тоа може да се постигне  покрај спроведување на физичката активност и со внесување на алкална храна богата со хлорофил, како што е зеленолиснатиот зеленчук (спанаќ, блитва, киселец, штавеј и сл.), темнозелени алги ( спирулина, хлорела и сл.) и овошје богато со вода, таквата храна лесно ќе ги разреди киселите токсични супстанции во телото, нивна елиминација ќе овозможат и растителните влакна кои ги содржат овошјето и зелечукот, тие се врзуваат со отровите и заедно се исфрлаат од телото. Најдобро за вас би било да ги конзумирате зеленолиснатиот зеленчук во форма на смуди- блендирани сокови, а овошјето исто во блендирана форма или како цеден сок, за да направите брза абсорпција на хранливите материи и со тоа брза елиминација на отровите, ќе ја забрзате и работата на метаболизмот, ќе ја поттикнете перисталтиката на цревата, ќе ја забрзате циркулацијата.

БЕЛИТЕ ДРОБОВИ – со длабоко дишење придонесуваме за чистење на организмот, кислородот ја прочистува крвта, најдобро е да одделите дел од денот кој ќе го посветите на длабоко дишење во природа.

БУБРЕЗИ- нивна глвна функција е да ги исфрлаат отровите од телото, за правилно да ја филтрираат крвта треба да се внесува доволно чиста вода, препорачувам честа употреба на свеж магдонос ( како додаток во изблендирани сокови на пример), целер, нане, ѓумбир и секој вид на свежи сокови , или чаеви од лист од коприва.

ЦРЕВА- од пресудно значење е да се одржува нивната чистота, не смееме да дoзволиме да се запуши дигестивниот систем, со тоа ќе се оневозможи абсорпцијата на хранливи материи, ќе се натрупаат отрови, а со тоа и негативни мисли, негативна енергија, а со време наталожените токсини ќе се реабсорбираат назад во крвта. Затоа најважна е употребата на намирници богати со растителни влакна во свежа состојба.

Покрај овие методи кои се наведени, се препорачува секое утро да се мучка 1 лажица ладно цедено масло во устата во времетраење од 15 -20 мин и потоа да се исфрли, има антибактериско дејство и елиминира голем дел од токсините.

Елена Чороловска, дипломиран нутриционист

***

Жената е цвет. Жената е мајка. Жената е љубов. Жената е борец. Жената е почеток и крај на секое случување. Жената е муза. Жената е инспирација. Жената е вредност. Жената е почит. Жената e знаење.4 Жената е мултиталентирана. Жената е домакинка, сопруга, другарка, сестра,баба.Жената е своја, доколку го прави тоа што ја исполнува. Жената е насмевка. Жената е дама. Жената е спортист, музичар, танчер, уметник, биолог, хемичар, физичар, астролог, дизајнер, фризер, моторџија, алпинист, архитект, историчар, политичар, учител, актер, бизнисмен… Жената е среќа. Жената е свет. Жената е универзум. Жената е книга. Жената е приказна.Жената e храбра. Жената е самостална и независна.Жената e успешна. Жената може да прави многу работи одеднаш.Жената се грижи за себе, за семејството, за пријателите. Жената се грижи за својот изглед. Жената дава ЖИВОТ.

***

Се надевам дека оваа емисиjа ќе ги инспирира и ќе ги разбуди оние жени кои се заборавиле во секојдневните обврски, кои заборавиле да се ценат и почитуваат како индивидуи, кои претрпуваат семејно насилство и премолчуваат, кои се угнетувани и понижувани затоа што се ЖЕНИ, кои се непочитувани затоа што се ЖЕНИ, кои си ставиле еден тон комплекси на себе заради нереализирани сништа. Се радувам доколку успеам да ве потсетам што всушност значеше нашето постоење како ЖЕНИ и ви ја вратам вербата во тоа што навистина сте! Со цел да се направи добар баланс на машко- женската енергија, за да живееме сите во мир, љубов и хармонија.

Со љубов,

ваша Стефанија.

* Целосно издание на Емисија бр. 5:

[youtube id=”MGNlbsPI07M”]

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *