Последни постови на блогот

Почесна награда на Стефанија – Промовирање на Просоцијалните вредности и подигнување на свеста за лицата со попречености

14 May

Откако беше промовиран новиот музички видео запис „ Hey You, Listen!" и документарниот филм Hey You, Listen! Documentary movie / Behind the scenes , на 11 ти Мај, делото на Стефанија беше крунисано со - Почесна награда - признание за работа и промовирање на Просоцијалните вредности и подигнување на свеста за лицата со попречености на Петтата Едуконференција на учители и едукатори на Балканскиот регион, која се одржа во хотел Континентал - Скопје.

Hey You, Listen! Документарен филм / Behind the scenes – Welcome to STEFANIJA’s Music World

22 Mar

Покрај промоцијата на новата песна и новиот музички видео запис “Hey You, Listen!” на Стефанија, се презентираше и документарниот филм ( “Hey You, Listen!” /behind the scenes), на тема „Подигнување на свеста кон лицата со попречености и развивање на емпатија“ (со посвета на починатиот најстар брат на Стефанија – Игор Милевски, лице со церебрална парализа (38)) во продукција на Welcome to Stefanija’s Music World.

Нов музички видео запис на Стефанија посветен на лицата со попречености – Hey You, Listen!

18 Mar

Нова песна и нов музички видео запис “Hey You, Listen!” на Стефанија. Идејата е да се пренесе чистата безрезервна љубов на големите и мали таленти, да се разбијат веќе поставените граници од предрасуди со мир. Да се подаде рака на сите кои сакаат да му помогнат на светот, а најпрво да си помогнат себе си. Песната е со посвета на починатиот најстар брат на Стефанија – Игор Милевски, лице со церебрална парализа (38). 

LUX LIFE (Вистината во тебе, Tоа ми треба) – НОВА ПЕСНА И НОВ ВИДЕО ЗАПИС НА СТЕФАНИЈА

12 Nov

На 09.11.18 во Center – Lounge & Fresh Bar, Битола беше направена промоција на новата песна “Lux Life” и новиот музички видео запис на Стефанија. појот на ретро соул, синт- поп, електро- диско и репетитивен поп рефрен е всушност тоа што ја карактеризира “Lux Life”. Со ” I know we’ll meet again” и “ Lux Life”  прави камбек со авторска музика која се снима во музичкото студио Welcome to Stefanija’s  Music World.

I know we’ll meet again (на другата страна) – Стефанија со силна порака во новата песна

28 Aug

I know we'll meet again (на другата страна) - Стефанија со силна порака во новата песна Stefanija - I know we'll meet again (Official music video) © 2018 Welcome to Stefanija’s Music World www.stefanijaofficial.com

Center – Lounge & Fresh Bar во срцето на Битола

04 Apr

Center - Lounge & Fresh bar е првиот локал за здрава храна во Битола кој има за цел да освестува, мотивира и буди. ЦЕНТАР се наоѓа во срцето на градот и пулсира во ритамот за подобро утре на битолската младина и вистинските вредности. Локацијата е на Широк Сокак 61 на првиот спрат, во склад на уметничкиот центар Анастасија Центар. Контакт телефон за нарачки: 047 528 362 Fb: Center - Lounge & Fresh Bar

„Со љубов Стефанија“ 02.07.2017|Емисија бр.11

03 Jul

Гости: Анастасија Зулевска Милевска, модна дизајнерка и незаменлива мајка на Стефанија! Исхрана: пикник во природа со Елена Чороловска, дипл. нутриционист. Тема: колку е важна поддршката од најблиските, борци за вистината и вистинските вредности, албумот ,,Ретро- Перспектива“ ги поврзува 11те емисии и става крај на првата сезона на емисијата ,,Со љубов Стефанија“. Музика: Стефанија & Dj Boza - The Forbidden (Club Mix) (Албум Ретро - Перспектива 15')