Стефанија & Владимир со музички перформанс на Нишвил Џез Фестивалот

Од 5 – 14ти август во Ниш традиционално се одржа Меѓународниот џез фестивал – Нишвил, кој е најпосетуваниот џез фестивал во Југоисточна Европа.

Фестивалот се одржува во текот на август на повеќе локации во Нишката тврдина и надвор од неа. Има голем број на работилници, изложби и сцени: Главна сцена Земја/Небо, Сцена на полноќен џез денс , Отворена сцена, Речна Сцена, Младинска Музеј Сцена, Матине Сцена, Сцена Кристина, Филмска Сцена, Хип хоп Сцена, Џез сцена за деца…

Како дел од фестивалот на 12.08.2022 на Младинската Музеј Сцена, со музички-танцов перформанс, настапија Стефанија & Владимир. Танчерките во нивна придружба, Ангела Петровска и Сања Лазаревска се дел од Анастасија Центар (Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц) – Битола. Костимите ги изработи модната дизајнерка Анастасија Зулевска. Фотографии – Миљана Цветковиќ.

Музичкото дуо „Стефанија & Владимир“ е македонско – српско дуо кое настана во 2019та година. Во 2020та година започна процесот на снимање на нивниот музички албум „Трилогија“, кој се состои од 30 песни и се снима во музичкото студио „Welcome to Stefanija’s Music World”. Стефанија е главен вокал, композитор, текстописец, аранжер и продуцент, а Владимир се појавува како гитарист, вокал, текстописец и аранжер. Нивниот печат е авторска музика, длабоки текстови кои пренесуваат животни пораки, танцова експресија и препознатлив моден стил. Тоа е причината за учеството на современи танчери како дел од нивните перформанси.

Leave a Comment

Your email address will not be published.