За мене

Стефанија е родена на 3ти јануари 1992 година во Битола, Македонија. Сопственик е на музичкото студио и музичката продукција "Welcome to STEFANIJA's Music World" 2015г. Раководител, кореограф, едукатор по пеење, танц, музичка терапија, мода и сценско движење во Анастасија Центар (Центар за перформанси, мода, музика и танц). Дипломирана поп и џез пејачка на Новиот Бугарски Универзитет во Софија, Бугарија (2014 г.). Огромен е бројот на нејзините настапи, а исто така и бројот на нејзините освоени награди како истакнат изведувач. Нејзините авторски соло концерти, перформанси и учества на мјузикли, кои се состојат од танц, глума и пеење се причината поради која таа се појавува како комплетен артист. Нејзини авторски перформанси се: „Девојчето со долгата коса“ музички соло перформанс 2016 г. (со кој прави турнеја низ Пелагонискиот регион), перформансите „Fly Project 1“ – 2013г. и „Fly Project 2“ 2015 г., „Fly Project 3“ 2016 г.. Учествува во мјузиклот „Music all“ во режија на Борис Панкин 2013 г., „Вечерна романс“: џез - опера трио со Венера Мелеки (сопран) – Кипар и Љубомир Денев (пијано) - Бугарија 2014 г. Таа е артист во првиот приватен театар во Македонија, „Интимен театар“ - Битола и учествува во претставите „Со љубовта шегување нема“ 2014 г. и „Будење на пролетта“ 2015 г. во режија на Софија Ристевска, каде се вклучени и нејзини авторски текстови. Во текот на ноември и декември 2015та година го промовираше својот прв музички албум „Ретро >Перспектива“, симбол за 11 годишниот период како соло изведувач. Албумот е составен од 11 песни, сите досегашни нејзини авторски песни, препеани детско-тинејџерски песни со нов аранжман, текст со силна порака и нови песни од различни соработки на македонски и англиски јазик, каде на повеќето од нив таа се јавува како текстописец и композитор. Изработени се видео записи во 2019 г. за “Hey You, Listen“, документарен филм: Hey You, Listen! Documentary movie / Behind the scenes, 2018 г. “Lux Life", “I know we'll meet again“. Во 2016 г. „Разбуди ме“ , во 2015 г. „Безнадежен“, „Волшебен миг“ и „Dance“ во нејзина режија, кои заедно со албумот беа промовирани во вид на шоу - перформанс низ повеќе градови во Македонија, во кој беа вклучени и деца со оштетен слух и говор. Во 2013 година беше направен првиот видео запис за „Бато“. Одржа многу концерти со својот бенд „Bluesis“, изведувајќи поп, рок, блуз и џез стил на музика во периодот 2012 - 2014 г. Во 2013 година, зема прво место на конкурсот „Теорија на музичките елементи“. Во 2010 година учествува во музичкото шоу „Music idol“ во Македонија. За време на студиите беше член во фолк - џез формација, мешан хор на НБУ. На нејзина 14 годишна возраст започна да учествува на музички интернационални фестивали, на меѓународниот тинејџерски фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп, Македонија 2005 г. ја освои првата награда. Се појавува и како жири на шоуто за таленти „Битола те сакам“ 2014 г. Добива почесна награда - признание за работа и промовирање на Просоцијалните вредности и подигнување на свеста за лицата со попречености на Петтата Едуконференција на учители и едукатори на Балканскиот регион 2019г.

Стефанија е професионален кореограф на модно студио и студио за модерен балет „Анастасија“ во Битола, од 2006 година. Сопственик е на „Анастасија Центар“, центар за перформанси, музика, мода и танц 2017г. Заедно со нејзината мајка и моден дизајнер Анастасија Зулевска, формираат еден тим кој што активно и успешно опстојува низ сиве овие години. На 7 годишна возраст нејзините уметнички вештини ја водат кон школите за модерен балет - Ребис. Игра модерен балет, современ танц, учествува во групи и самостојно, на фестивали и конкурси за модерен балет, во повеке работилници (“The Joy of Dance”- современ балет 2016г. Софиja, Бугарија; “VOGUE” Барселона, Шпанија 2016г.; “BEYOUND TEHNIQUE” – современ балет, Софиja, Бугарија 2016г.; Iliev dance - „Dance it“ – Софија,Бугарија 2014г.; Гетеборг, Шведска “Adrianas Dans“ - модерен балет, џез балет, современ балет и хип хоп 2011 г.). Дел од професионалниот балетски состав на „Deja Vu“ во Софија, Бугарија. Кореограф е на детските фестивали во Битола и Прилеп, на изборот за песна на Евровизија, флеш мобови, на мјузиклот „Коса“ – Бугарија 2014 г., организира 10, 15 и 20 годишнинa на модно студио „Анастасија“ (перформанси со мода и танци), шоу перформанс и модна ревија „Сила на Слободата“ 2015г., танцовите перформанси на студиото за модерен балет „Анастасија“: „Среќа е да танцуваш“, „Mojata желба е...“, „Велигденски перформанс“, „Мултиталенти“,„ И јас сум Арт“, организатори се на „Танцувај без предрасуди“ танцов концерт по повод интренационалниот ден на танцот. Работи како кореограф во „Интимен театар“ – Битола 2014 г.

Уште од 4 годишна возраст, учествува на модните ревии, организирани од нејзината мајка и моден дизајнер, Анастасија. Бројот на ревиите го надминува бројот 50. Изработува голем број на фотосесии. Тренира кикбокс и јога. Таа исто така е и возач на мотор и се бори за подигнување на свеста за жените возачи на мотори во сообраќајот.

ПОСЛЕДНО ПОСТИРАНИ БЛОГОВИ

14 May

Почесна награда на Стефанија - Промовирање на Просоцијалните вредности и подигнување на свеста за лицата со попречености

Откако беше промовиран новиот музички видео запис „ Hey You, Listen!" и документарниот филм Hey You, Listen! Documentary movie / Behind the scenes , на 11 ти Мај, делото на Стефанија беше крунисано со - Почесна награда - признание за работа и промовирање на Просоцијалните вредности и подигнување на свеста за лицата со попречености на Петтата Едуконференција на учители и едукатори на Балканскиот регион, која се одржа во хотел Континентал - Скопје. Прочитај повеќе >>

22 Mar

HEY YOU, LISTEN! Документарен филм / BEHIND THE SCENES - WELCOME TO STEFANIJA'S MUSIC WORLD

Покрај промоцијата на новата песна и новиот музички видео запис “Hey You, Listen!” на Стефанија, се презентираше и документарниот филм ( “Hey You, Listen!” /behind the scenes), на тема „Подигнување на свеста кон лицата со попречености и развивање на емпатија“ (со посвета на починатиот најстар брат на Стефанија – Игор Милевски, лице со церебрална парализа (38)) во продукција на Welcome to Stefanija’s Music World. Прочитај повеќе >>