ГОЛЕМ ШОУ ПЕРФОРМАНС НА АНАСТАСИЈА И СТЕФАНИЈА

НА 12 ЈУЛИ , 20:30 ч. ,  ПАРКИНГ ПРЕД ДОМ НА КУЛТУРАТА – БИТОЛА , ВО РАМКИТЕ НА БИТФЕСТ 15′  ЌЕ СЕ ОДРЖИ МОДНА РЕВИЈА НА АНАСТАСИЈА И МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС НА СТЕФАНИЈА !!!

11715275_1143346565680458_340146128_o

Креаторката Анастасија Зулевска , со своите креации преку модна ревија и шоу перформанс “Силата на Слободата “ пренесува порака – Слобода во мисла , Слобода во идеја , Слободата на духот е силата на Слободата . Собрани се многу борци за Слободата (глумци , пејачи, диџеи , манекени , спортисти …) кои имаат чиста мисла и сакаат да ја споделат , точно во центарот на Битола …  СТЕФАНИЈА со своите авторски песни , Студиото за модерен балет “Анастасија”, ЛТД фризерски салон ,  Мото Клуб “Конзули” , се дел од овој настан на Широк Сокок , на 12 јули – БИТФЕСТ 2015 година .

Анастасија има 20 годишно искуство  како моден дизајнер , организатор е на околу 50 тина модни ревии , со уникатни модели , перформанси , културни настани кои се поврзани со деца и млади , проект “Битола Те Сакам” – избор на битолски таленти 2014 , подготовка на деца за избор на детска Евровизија , за музички фестивали – изработка на модели и сценски настапи .  Сопственичка е на модно студио и студио за модерен балет “Анастасија” , организатор е на “ТАНЦУВАЈ – Без предрасуди” 2015 , по повод Интернационалниот ден на танцот. Голем  е бројот на учества со школата за модерен балет на дестско – тинејџерски фестивали и реализацијата на перформанси на различна тематика .

11715127_1143351935679921_1356505908_o

СТЕФАНИЈА со перформансот Fly Project II , како дел од БИТФЕСТ 12.07.2015 година  , на Широк Сокак , ќе го промовира својот прв албум РЕТРО > ПЕРСПЕКТИВА – симбол за 11 годишниот период како соло изведувач. Албумот е составен од сите досегашни нејзини авторски песни , препеани  детско –  тинејџерски песни со нов аранжман и текст со силна порака и нови  песни од различни соработки . За истите ќе бидат снимени и видео записи . Повеќе информација можете да добиете на нејзината официјална страница : www.stefanijaofficial.com .

Стефанија има дипломирано на катедрата за поп и џез пеење на Новиот бугарски универзитет во Софија.  Огромен е бројот на нејзините настапи , а исто така и бројот на нејзините освоени награди како истакнат соло изведувач. Таа одржа многу концерти низ цела Македонија, со својот бенд Блусис. Нејзините соло концерти, перформанси и мјузикли, кои се состојат од  танц , глума и пеење се причината поради која таа се појавува како комплетен артист (мјузиклот “Music all”, перформансите “Fly Project”,” Вечерна романса” ,”Со љубовта шегување нема” ). Стефанија е професионален кореограф на модно студио и студио за модерен балет “Анастасија” во Битола, од 2006 година . Кореограф е на многу детски фестивали, избор за песна на Евровизија , мјузиклот “Коса”- Бугарија, перформанси со мода и танци за 10 и 15 годишнината на “Анастасија” . Работи како кореограф и артист во “Интимен театар” – Битола. Уште од 4 годишна возраст , учествува како модел на модните ревии, организирани од нејзината мајка и моден дизајнер , Анастасија.

 

Изготвила : СТЕФАНИЈА

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *