Перформансот „Девојчето со долгата коса“ дел од Регионалните денови на културата во Пелагонија

На 15.11.2016, Нова сцена во Центарот за култура- Битола, со соло музички перформанс на Стефанија, беа отворени Регионални денови на културата во Пелагонија.

„Девојчето со долгата коса“ е авторски соло перформанс, изработен по текст, режија, кореографија и идеја за музика на Стефанија.

***Идејата е откривање на себеси како единка која се наоѓа на ова македонско тло, носејќи ги со себе менталитетот и културата кои влијаат врз градењето на една личност. Со акцентирање на детето, кое прераснува во возрасна и свесна личност, повторно се враќа на основните и суштински детски потреби и вистинските вредности како хуманост, љубов и среќа. Тие водат кон подигнување на свеста и осознавање на духовната слобода. За самиот перформанс е изработена оригинална авторска музика (Mark Purpose) и текст (Стефанија). Емотивните состојби ќе бидат изразени преку различните стилови на авторска музика, со примеси на македонска етно музика. Дејствието на перформансот се одвива во 5 етапи како различни разработени теми преку текст, музика и танц. Стефанија има за цел на овој начин да ја подигне свеста и да провоцира основни прашања кон себеспознавањето. Да акцентира колку еден човек е важен да се пронајде и открие, па така на позитивен начин да влијае на колективната свест. Се претставува како комплетен артист, пренесувајќи посебен однос кон сцената на современиот македонски уметник.

[tribulant_slideshow gallery_id=”30″]

Kултурната манифестација е програмски уредена и координирана од Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Мрежата за културен развој на Пелагонискиот регион. Манифестацијата се реализира во рамките на проектот: “Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Република Македонија.

“Девојчето со долгата коса” е креативен културен израз изработен во рамките на проектот “Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” имплементиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион, во партнерство со општините и културните институции од Пелагонискиот регион.

Photography: Viktor Nale

Costumography: Anastasija Modno-studio

Make up: Viktorija Dimitrovska

Hair: Andrijana Petrovska – LTD

Dancers & singers guests: Anastasija center, Јованка Ристевска и Лидија Поповска

Video: HDTV MEGA

Програма на културните денови во Пелагонија:

15002325_170877120042216_4419791080137383183_o

15003196_702340103258276_6058739062746626253_ok

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *