Заврши промоцијата на првиот албум на Стефанија низ Македонија

DSC_9896_1200

“Бескрајна среќа! Нешто што нема цена! Чиста љубов и вистинска емоција! “тоа е заклучокот на Стефанија после турнејата низ Македонија по повод промоција на првиот албум “Ретро-Перспектива”. Турнејата траеше скоро два месеци (30.10 – 17.12.2015), а се одржа во Битола, Охрид, Прилеп, Велес, Струмица, Гевгелија и Скопје.

ZDR_8683Огромно искуство беше ова истражување на љубов по нашата земја. Се обидов да ја пренесам среќата на мојот прв албум со помош на деца со и без специјални потреби, за мене тие две категории се еднакви. Јас верувам во потенцијалот на македонците, верувам дека сакаат да чујат и дека можат да проценат што е добра музика. Тоа беше мојот предизвик кога решив да тргнам на оваа турнеја. Некои го ценеа како доблест а некои како лудост – оние кои се скептични во нивниот светоглед. Пристапот на промоција на самиот албум ми беше различен и донекаде специфичен, затоа што имам за цел да докажам колку е важно движењето или танцот како основа на еден изведувач, а воедно тивко “викав” за будење и активирање на лицата со специјални потреби – чуварите на искрената и безрезервна љубов. Освен пеењето акапела со детските грла на крајот од самиот перформанс, решив албумот да не се пее во живо и да се чуе студиската работа на одговорните за него. Половина од средствата за албумот беа наменети за хуманитарни цели. Мојата мисија е да ги потсетувам луѓето на вистинските вредности: хуманост, љубов и среќа.

215

DSCN4772БЛАГОДАРАМ на мојот брат и мој официјален претставник Дарко Милевски, кој беше одговорен за сето ова случување што безрезервно беше предаден и успешно си ја заврши својата работа. Исто така и за поддршката на мојата мајка и моден дизајнер Анастасија Зулевска (Анастасија модно студио) која беше одговорна за целосната костимографија. Секако дека имаше пречки и искушенија кои беа брзо надминати и воедно ни беа поттик за уште поинтензивна работа.

 

БЛАГОДАРАМ на моите танчерки (Елена, Ивана, Ангела, Теодора и Емилија) од студиото за модерен балет “Анастасија” – Битола, кои беа прекрасни и што со безрезервна љубов пеејќи ги рефрените од новиот албум танцуваа со мене во текот на самата турнеја.

65  11231045_1077408582311935_874669914372263655_o   107  122

БЛАГОДАРАМ на храбрите и талентирани (Мартин, Ибо, Мухамед, Грета, Влора, Сара, Али и Зелил), децата со оштетен слух и говор од заводот за рехабилитација “Кочо Рацин” – Битола и на одговорните за нив учителки, кои неуморно се грижеа за нив и работеа со нив за интерпретација на сцена со знаковен јазик.

165   133  40  12291275_1077408475645279_7758957829415602134_o

БЛАГОДАРАМ на сите учесници кои беа во огромен број и се менуваа во секој град, до сите кореографи и учителки, без вас оваа промоција немаше да биде вака збогатена со љубов и среќа: Милена Манева и Dance studio “Vibe” – Скопје, Јулија и балетско студио “Визави” – Охрид, Кире Миладиноски и танцово студио “Зодијак” – Прилеп, Цеца Пајдакова и балетско студио “Анабела” – Велес, Мери Јанчева и Ѕвездичките на “Јојо” – Струмица, Александар Аврамов и хип хоп студио “Mystic” – Гевгелија, Трајче Петковски и Studio “Break a leg”- Скопје, Дина Костовска и детска градинка “11ти Октомври” – Скопје, Ивана Величкович со децата од ООУ “Димитар Миладинов” – Скопје.

12186365_537795889712699_3904984803188628881_o 12194797_537795883046033_4158860945034046771_o  97 46

26   129   DSCN4808   DSCN4764  DSCN6972 DSCN6823 12247186_541747392650882_3991254627139177635_n ZDR_8565

БЛАГОДАРАМ на Црвен Крст – Битола што безрезервно ни помагаа во текот на целата турнеја. Исто така благодарност на Црвен Крст – Охрид, Прилеп, Велес, Струмица, Гевгелија и Скопје.

12226329_10153737116424931_1491426041_n   DSCN6997    DSCN4766

DSCN4850   174    12309513_1077408868978573_7719630558968851939_o

БЛАГОДАРАМ на СКВИЗ МИ (Јuice bar Squeeze me) за дружењето и целосната поддршка. На Маринела Китевска и тимот од AquaMarin medi wellness. На LTD Salon, на Викторија Димитровска, на Елена – Eli trend, Симона Овезовска, што се погрижија за шминката и фризурата.

184

БЛАГОДАРАМ на сите што ме поддржаа и поверуваа пред да го видат продуктот, посебно на Горазд Смилевски – Бизнис Академија Смилевски – БАС за реализација на турнејата, на Борче Димитровски – Центар за Култура Битола за печатење на албумот … На театрите и центрите за култура, за целосната поддршка: НУ Центар за Култура – Битола, НУ ЦК “Григор Прличев”- Охрид, НУ ЦК “Григор Прличев” – Прилеп, НТ “Ј.Х.К. Џинот” – Велес, НТ “Антон Панов” – Струмица, Народен Театар – Гевгелија, ЈУ Младински Културен Центар (МКЦ) – Скопје, Македонски Народен Театар (МНТ) – Скопје.

DSCN4823    3    148    141  143

5

 

 

БЛАГОДАРАМ за соработниците на албумот кој од минатото гледа кон иднината, албумот кој содржи обработки на 4 стари детски песни и 7 нови песни кои го откриваат мојот правец на понатамошна работа: Mark Purposе, Јулијан Јанев, Dj Boza, Васко Мирчевски, Роберт Билбилов, Dj Ace Mice, Борче Шабаноски, Дарко Пандовски, Бојан Петровски, Марјан Катароски и Душко Темелкоски.

 

БЛАГОДАРАМ НА … Софија Ристевска, Оливера Филиповска, Тања Орданоска, Стевче Лазаревски, Зоран Василевски – Фаци, Гордана Такец, Печатница “Графопром” Битола, „Гнасни Деца“ Продукција, фотографите – Виктор Нале, Стефани Павловска, на сите медиуми на кои бевме застапени, на сите спонзори кои ни помогнаа …”

 

 

Со почит…

СТЕФАНИЈА

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *