Нов видеозапис за „Разбуди Ме“ на СТЕФАНИЈА

Стефанија: „Новото видео за „Разбуди ме“  е со повеќе пораки за подигнување на свеста кон жените возачи на мотори; за адреналинот како проблем кај младите за себедокажување, кој може да биде штетен по живот; за слободата која треба свесно да се контролира за да може да се постигне нејзиниот вистински ефект; за почитта кон природата, која е алатка за наше себеспознавање. Ова видео е веќе дел од повеќето видеа кои се во моја режија и го претставуваат мојот начин на живот. Снимени се сцени од перспективата на возачот и се употребени реални кадри. Сметам дека со овој начин на изразување, покрај со музиката, преносот на моите идеи станува целосен. Идејата е да се долови ефектот на минат настан во периодот околу 2006та  година, како знак на нешто што веќе избледнало и поминало, а денес во 2016та година е време за будење од стариот сон и старите навики.

Огромна е мојата благодарност до сите креативни соработници, пријатели и поддржувачи на продукцијата „Welcome to STEFANIJA’s Music World“!

[youtube id=”Xt_oh3V_HVo”]

 

image-0-02-01-4cc3c8f85de246652d85e26cb8c3084aa413e74cf5d0651cc88430e815137ef9-v

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *