Празнични џез вибрации со Стефанија и Владимир

Песна за со винце во рака покрај топол камин, џези атмосфера и топлина во душа. Песната е снимена во живо во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, 1 mic – 1take. Импровизација на само едно снимање, што ја прави уште поискрена и поедноставна да допира до душата и да разнежнува. Текст – Стефанија, Музика – Владимир, Аранжман – Стефанија и Владимир.

„Оваа песна беше создадена исто преку импровизација пред две години, кога се запознавме со Владимир и решивме начинот на создавање да го повториме во студио. Надвор врнеше снег како да бевме во некоја снежна бајка. Тој создаде џез звуци на неговата гитара, а јас чувството го преточив во текст и мелодија.” – изјави Стефанија.

„Снег“ – е празничен џез, кој говори за тоа како спојот на две души можат да ги растопат сите ледови во вистинска и метафоричка форма. Доколку ги поставиш најблиските на пиедестал колку и да е студено, тебе ќе ти е топло во душата. Да заборавиме на минатото и да продолжиме напред со позитивна мисла. За време на студената зима, топлина ни се најблиските.

Стефанија и Владимир на нивната фб страница и инстаграм профил: Stefanija.Vladimir.Music, им порачуваат на нивните следбеници да ги следат за многу нова музика овој празничен период, која ќе носи мир, љубов, спокој и среќа. ✨

Погледнете го видеото за новата песна “Snow”:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *