Промоцијата има турнеја низ Македонија во текот на ноември и декември, која започнува со Битола (30.10|НУ Центар за култура), па продолжува во Охрид (09.11|НУКЦ “Григор Прличев” во 18ч.), Прилеп (12.11|Дом на култура “Марко Цепенков”), Струмица (27.11| НУКЦ “Антон Панов”), Гевгелија (28.11|Дом на култура “Македонија”, Штип, Велес (19.11| Театар Џинот), а завршува со две промоции во Скопје (Мкц (02.12) и МНТ (17.12) ) со почеток во 19ч.
Промоцијата на првиот музички албум на СТЕФАНИЈА –“Ретро > Перспектива”2015′ е настан кој има да каже многу, ќе пренесе силна мисла и ќе освести во вас многу емотивни теми. Ќе ве разбуди и потсети на вистинските вредности, на хуманост, љубов и среќа…
Ќе ја чуете студиската верзија на рефрените кои долго време ќе се вртат во вашата глава: Ајде летај бато,далеку од мене.. Од овој сон , сон , разбудиме .. Безнадежен, заврти се … Ќе направам јас се да биде само мој … Секој од нас да подари малку љубов.. Sun rises and shines into your mind …I wanna dance…
Сето ова ќе биде пренесено на повеќе начини: преку говорот на телото , преку гестикулација или превод на знаковен јазик и преку новите видео записи… Затоа што оваа музика има за цел да допре до сите срца!
Танчери кои ќе ја придружуваат Стефанија се студио за модерен балет “Анастасија”. Специјални гости се децата со оштетен слух и говор од Заводот за рехабилитација – Битола и Dance Studio Vibe. Кореографија: Милена Манева и Стефанија. Костими: Анастасија Зулевска. Видеата се изработени од “MV Production”, “TNT” и “Filthy kids”.
*На самото место ќе имате можност и да си го набавите албумот “Ретро- Перспектива” 2015’.
Нејзиниот прв музички албум “Ретро >Перспектива” 2015’, симбол за 11 годишниот период како соло изведувач, е составен од 11 песни, сите досегашни нејзини авторски песни, 4 препеани детско-тинејџерски песни со нов аранжман и нови песни од различни соработки (Dj Ace Mice, Dj Boza, Дарко Пандовски).
( Recording Engineers: Борче Шабаноски, Васко Мирчевски, Јулијан Јанев, Роберт Билбилов, Boza; Mixing Engineers: Борче Шабаноски, Роберт Билбилов, Mark Purpose, Јулијан Јанев, Boza; Mastering: Mark Purpose).
*****
- Стефанија е родена на 3ти јануари 1992 година , во Битола , Македонија. Таа е дипломирана поп и џез-пејачка на Новиот Бугарски Универзитет во Софија, Бугарија, каде учи танц и глума. Огромен е бројот на нејзините настапи , а исто така и бројот на нејзините освоени награди како истакнат изведувач.
- Нејзините соло концерти, перформанси и мјузикли, кои се состојат од танц, глума и пеење се причината поради која таа се појавува како комплетен артист: мјузиклот “Music all”, перформансите “Fly Project I и II” , ” Вечерна романса” , “Со љубовта шегување нема” …
- Таа одржа многу концерти низ цела Македонија, со својот бенд ‘BLUESIS’, изведувајќи поп / рок / блуз / џез стил на музика. Го издаде својот прв сингл и спот на песната “Бато” во 2013 година . Автор е на текстот и музиката , исто така режијата на самото видео е нејзина.
- Во 2010 година учествува во музичкото шоу ” Music idol ” во Македонија.
- Таа е професионалeн кореограф на модно студио и студио за модерен балет “Анастасија” во Битола, од 2006 година. Игра модерен балет од 7 годишна возраст. Учествува на работилници за современ танц и модерен балет , во Гетеборг , Шведска 2011г., Iliev dance – ” Dance it ” – Бугарија 2013’. Прави кореографија на сите детски фестивали во Битола , на мјузиклот “Коса”- Бугарија 2014, организира 10 и 15 годишнинa на “Анастасија” перформанси со мода и танци. Станува дел од професионалниот балетски состав на ” Deja Vu ” , студио за модерен балет 2013 година. Работи како кореограф во “Интимен театар” – Битола. Кореограф е на повеќе перформанси: “Мојата желба е …”, “Среќа е да танцуваш”2015, “ТАНЦУВАЈ – Без предрасуди” 2015, Шоу перформанс “Сила на Слободата” и “Fly Project II” Битфест 2015 година, кој доби признание-награда за настан на годината од фондацијата “Такец”.
- Нејзино хоби е манекенството. Уште од 4 годишна возраст , учествува на модните ревии, организирани од нејзината мајка и моден дизајнер , Анастасија Зулевска. Бројот на ревиите го надминува бројот 50.
СТЕФАНИЈА