Вчерашната музичка магија на Широк Сокак пред Киното Манаки, беше музичкиот перформанс на Стефанија и Владимир, збогатено со танцот на заштитните лица на Анастасија Центар (Ангела, Сања, Емилија и Анастасија).
Нивниот печат е автроска музика, длабоки текстови кои пренесуваат силни пораки, танцова експресија и препознатлив моден стил. Беа изведени познатите рефрени на песните: “After rain comes sun”, „Нешто“, „Од душата не ми бегаш“, “Healer”… Премиерно беа изведени нови песни од музичкиот албум кој е во процес на создавање.
За костимите се погрижи креаторката Анастасија Зулевска.
Фестивалот „Солстис“ се одржа на десет локации низ Битола, во организација на Француската Алијанса, во рамките на Бит Фест 2022.