“Со љубовта шегување нема” гостуваше на МНТ фест во Скопје

На 17ти јули , Интимен театар од Битола гостуваше на МНТ фестивалот во Скопје, со претставата “Со љубовта шегување нема “.

По текстови од: Алфред де Мисе и документирани материјали.

| Режисер: Софија Ристевскa | Играат: Здравко Стојмиров , Катерина Аневска , Стефанија Милевска  | Кореографи: Кире Миладиноски и Стефанија Милевска  | Костими: Модно студио „Анастасија“  | Дизајн на звук и избор на музика: Златко Кузевски  | Дизајн на светло: Игор Мицевски

IMG_7655         IMG_7656         IMG_7654

СО ЉУБОВТА ШЕГУВАЊЕ НЕМА, се создава врз идејата за денешниот неолиберализам, којшто го проголтува и уништува секој човечки напор за живеење надвор од матрицата на истиот. Во денешниот свет, конструиран само и единствено врз правилата на КАПИТАЛОТ, човекот за жал нема многу избор за алтернативи, освен да се потчини и да се постави во функција на парите. И кога капиталот е основниот параметар по којшто се конструира и структурира еден живот, тогаш доаѓаме до заклучокот дека всушност СО КАПИТАЛОТ ШЕГУВАЊЕ НЕМА и дека ЉУБОВТА Е ПОСТУДЕНА ОД КАПИТАЛОТ – Рене Полеш. Точно за тоа зборува и нашата претстава. Денес може да се шегуваш со љубовта, но не и со капиталот. Не со финансиите на големите корпорации, затоашто најприфатливата особина на современиот човек е неговата потрошувачка и финансиска моќ. Љубовта оди на заден план, затоашто невлегува во концептот на капиталистичко – политичките односи што во моментов владеат во светот. Во општество на несолидарност и краен финансиски егоизам, нема место за љубов. Во нашата претстава, ги спротивставуваме љубовта и капиталот, ги ставаме во арена, а ние ги анализираме резултатите од тој чин. Во свет на потрошувачко општество, шегување нема единствено со КАПИТАЛОТ, а љубовта којашто некогаш била основната жива и движечка сила за човекот, денес е константно поставувана на испит и секојдневно и масовно манипулирана. 

СО ЉУБОВТА ШЕГУВАЊЕ НЕМА, е повик за создавање на еден похуман, посолидарен и социјално рамноправен свет, кадешто индивидуата ќе има право на слобода и љубов, затоашто точно шегувањето со овие две категории, може да не чини многу!

IMG_7641      IMG_7624      IMG_7648

IMG_7646    IMG_7644     IMG_7645

 

Малата сала на Македонски Народен Театар беше скоро преполна и публиката не удостои со громогласен аплауз и овации . Со оглед на карактерот на нашата претстава реакциите беа соодветни , односно секој на различен начин ја почувствува и доживеа претставата. Ние како тим на Интимен театар сме среќни што луѓето излегуваат со одреден став спрема тоа што сме го одиграле и дури некои си ги повторуваа репликите кои ги бевме кажале претходно, додека други сметаа дека сме отишле предалеку. Точно тоа е нашата цел , да ги натераме сите да размислуваат на темите кои се разработени.

 

IMG_7568                  IMG_7576              IMG_7563

 

 

Нашето гостување е оценето како повеќе од успешно , па доколку не сте ја гледале претставата ќе имате можност во текот на ова лето да ја проследите како дел од културното лето во :

Интимен театар – Битола , 13 јули , 20 ч. ;

Охрид , двор на ОУ “Св. Климент Охридски ” , 20 јули , 20 ч. ;

Богданци , Дом на култура , 22 август , 20 ч.  .

( За повеќе информации : фб – Интимен театар / 078 307 569 / ).

 

 

Сакам да се заблагодарам на нашите пријатели кои ја посетија претставата и не поддржаа …

 

 

 

Изготвила : СТЕФАНИЈА

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *