Последно издание од првата сезона „Со љубов Стефанија“, забавна и едукативна емисија,
посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.
Гости: Анастасија Зулевска Милевска, модна дизајнерка и незаменлива мајка на Стефанија!
Исхрана: пикник во природа со Елена Чороловска, дипл. нутриционист.
Тема: колку е важна поддршката од најблиските, борци за вистината и вистинските вредности, албумот ,,Ретро- Перспектива“ ги поврзува 11те емисии и става крај на првата сезона на емисијата ,,Со љубов Стефанија“.
Музика: Стефанија & Dj Boza – The Forbidden (Club Mix)
(Албум Ретро – Перспектива 15′)
***
Автор и водител – Стефанија
Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер
Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола
Дизајниран накит – Арт ленд, Битола
Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист
Режија – Стефанија
Локација – Анастасија Центар
Уредник – Марија Чулакоска
Камера – Никола Најдовски
Монтажа – Билјана Мицевска
Реализација – Хдтв Мега
2017
***
www.stefanijaofficial.com
Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.
***
Многу е важно во нашиот живот да имаме вистинска подлога и поткрепа за правилно да ја изградиме нашата личност, со добро домашно воспитување да ги реализираме нашите сништа и да создадеме нови патишта.
Оваа емисија на моја огромна чест и задоволство ја посветувам на жената која е борец за вистината и вистинските вредности, талентирана, креативна и неуморна, жената која ги постави цврсто и моите уметнички темели, која го создаде мојот стил, мојата поддршка и инспирација, и пред се незаменлива и единствена моја мајка… модната креаторка Анастасија Зулевска Милевска!
***
Анастасија Зулевска Милевска со своето 20 годишно искуство како моден дизајнер, изработува уникатни модели за сценски настапи, секојдневни и спортски настани. Организатор е на околу 50 модни ревии, перформанси, културни настани, кои се поврзани со деца, млади и возрасни.
Нејзиното модно ателје се наоѓа во “Анастасија Центар” на Широк Сокак и ги очекува сите оние кои сакаат да градат свој препознатлив и уникатен стил.
Мојот стил е изграден од нејзините модни идеи и сите мои јавни настапи се во знакот на уникатните модели на креаторката Анастасија!
***
Колку на една личност му е важна поддршката од најблиските?
Зарем може да поместува планини, да достигнува цели и да биде препознаен во туѓите очи, а да ја нема таа домашна поддршка?
Да се процени талентот од мала возраст, да се насочи и да се вложи во тој талент, за да бидат вродени плодовите од трудот на детско- тинејџерскиот период во подоцнежната фаза од животот.
Кога ја добиваме поддршката од најблиските, ние започнуваме да се занимаваме со тоа што навистина го сакаме. Нашата професија ни носи радост и исполнетост, спокојно се надоградуваме и имаме можност нашето знаење да го споделиме и со другите.
Едноставно зрачиме со позитивна енергија и среќа, затоа што тој што ни го мисли најдоброто и тој што има безрезервна љубов кон нас, не ни го попречил патот. Ни дозволил да бидеме слободни и благословени.
Да го почитуваме ближниот наш и да му дадеме максимална поддршка да биде тоа што навистина е!
***
Исхрана: пикник во природа и потсетување на основните правила во нашата исхрана, со дипл. нутриционист Елена Чороловска.
***
Со оваа емисија го заокружуваме циклусот од 11 изданија на оваа емисија, кои беа поврзани со 11те песни од мојот прв музички албум Ретро- Перспектива!
Сите кои сакаат да го добијат албумот, можат слободно да ме контактираат на мојата фејсбук страница Stefanija Stefanija.
Сите новости поврзани со мене и мојата емисија следете ги на блогот од мојата официјална страница www.stefanijaofficial.com
Голема благодарност до креаторката Анастасија, за уникатните модели, Лтд салон за шминката и фризурата, Арт ленд за уникатниот накит и на Анастасија Центар за сценскиот просторот!
До следното видување,
Со љубов Стефанија.
* Целосно издание на Емисија бр.11:
[youtube id=”RnYBAMN-egg”]