„Со љубов Стефанија“ 07.05.2017| Емисија бр.3

„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија,
посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.

Гостин: Дарко Милевски, менаџер, фудбалер и мој Бато.stefi i bato
Тема: Фудбал, здрави навики и појаснување на песната „Бато“, демонстрација на терен, што е здравје и кое е нашето вистинско место за живеење.
Музика: Бато – Стефанија
Stefanija – Bato / Brother (Official Music Video)
(Албум Ретро – Перспектива 15′)

Автор и водител – Стефанија| Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер| Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола| Дизајниран накит – Арт ленд, Битола| Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист| Режија – Стефанија| Локација – Анастасија Центар| Уредник – Марија Чулакоска| Камера – Дејан Цветковски, Никола Најдовски| Монтажа – Билјана Мицевска| Реализација – Хдтв Мега 2017|

Welcome to STEFANIJA’s Music World

www.stefanijaofficial.com
***
Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.

***so ljubov pozadina

Дали сте се заинтересирале за подлабоки и суштински теми?

Дали сте претпоставиле колку е важно како се храниме? Дали спортувате, пеете, танцувате? Дали се запрашувате како да си го направите животот посреќен? Дали сте ја започнале потрагата по себе си?

Емисијата која ќе ви даде идеи и мотивација, која ќе ве разбуди и насочи по патот на вистинските вредности.

Тоа е новото кул и младите веќе го живеат. Бидете свои, пронајдете се, следејќи ја новата емисија исполнета со среќа…

***

Секој на различен начин мисли дека треба да ја направи потрагата по себеси.    slika 1

Некој решава тоа да го направи далеку од својот дом, во пошироки граници дури и прекуокеански.

И откако ќе се пронајде, повторно да се врати од местото каде што тргнал, односно во својот дом,

па така своето откритие да го сподели со сите, давајќи акцент на вистинските вредности и семејството.

Освестувајќи ја вредноста на земјата во која е роден и добивајќи чувство на универзалност или дете на светот со јасна визија и цели.

***

Како би зборувале за здрава храна доколку претходно не го појаснеме поимот што е тоа здравје. Многумина тој поим го поврзуваат со отсуство на болест, но тоа не е сосема правилно. Да се биде здрав, значи да наутро се разбудеме во добро расположение, да не бидеме уморни, да бидеме спокојни и да можеме да се радуваме на животот.

Денес пак, се помал е бројот на таквите личности. Зошто? – Некако сме заборавиле на вистинските вредности и сме ги “затупеле” нашите сетила, сме заборавиле да ги слушаме сигналите кои телото ни ги праќа, а тоа пак има совршена способност за саморегулација, односно во секоја состојба знае што му е потребно.

Постојат два начини за извлекување од таа состојба: Отфрлање на  негативните навики и чистење на организмот.слика 2

За да разбереме подобро, ќе објасниме што значи терминот “загаден организам”. Тоа е лоша состојба на дебелото црево, преку кое во крвта доспеваат многу отровни материи, а крвта пак има транспортна улога – да ги пренесува хранливите материи и кислородот до клетките, па замислете сега да сите отрови заедно со хранливите материи навлезат во клетките. Може ли после тоа човек да биде здрав? Се разбира не. Тоа доведува и до пореметување на функцијата на црниот дроб, кој е главен филтер чистач во телото, а и работата на сите други органи, па води до лошо расположение, умор, поспаност, анксиозност, на крај и појава на болести. Зошто ви го кажувам сето ова?

Ако продолжете со начинот на живот кој првобитно ве донел до здравствен проблем или не добро расположение, тогаш влегуваме во бесмислен круг на влегување од еден во друг здравствен проблем, кои навидум не се поврзани и на кој му нема крај. За долговечност мораме да превземеме сигурни чекори, да се едуцираме, да ја запознаеме храната. Затоа ви препорачувам да ги следите емисиите, бидете во тек, заедно да ја проучуваме храната и да се доближеме до здравјето. Сè да биде „најздраво“, е потполно бесмислена замисла и нехранлива, доколку тоа не е она што во одреден момент на личноста и телото навистина им е потребно.

(Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист)

***

„Како и сите спортови со топка, така и фудбалската игра има некои основни елементи и голем број на одделни сегменти од кои се состои, но ќе се задржеме само на најосновните. Основни технички елементи од кои се состои фудбалот се: начин на трчање (движење и поставување на телото), прием на топка, додавање на топка и контрола на топка. слика 3Од правилното оформување на начинот на трчање кај едно дете зависи неговиот понатамошен професионален развој. А со помош на правилно поставување на телото, фудбалерот може да реагира и да се приспособува во зависност од дадената ситуација, односно при примање и додавање на топката, а тоа ќе му помогне и при самата контрола на топката. Односно ќе има поголема прегледност на теренот и ќе биде подготвен кога треба да ја прими, да ја додаде, да ја понеси или задржи кај себе топката.

Според мене, фудбалот е една многу голема филозофија и начин на живот на еден човек – спортист и е само еден дел од целокупното окружување и случување во светот. Фудбалот е една од најинтересните игри со топка, бидејќи се одвива на отворено и во сите временски услови, а фудбалерот е секогаш подготвен и се приспособува на нив. Како што напоменав дека фудбалот се состои многуте одделни сегменти, а доколку ја издвоеме тактиката, фудбалската игра се состои од: напад, одбрана и транзиција. Тоа претставува постојано репозиционирање и менување на позициите на играчите на двата тимови од напад во одбрана и обратно, односно постојана фаза на транзиција од напад во одбрана и обратно. Цело тоа движење и репозиционирање е запазено и во граници на тактика, која може да биде различна во зависност од тренерот. Од тој тактички систем зависи спроведувањето на целосната негова идеја на терен, а неговата улога е една од најзначајните за успехот на еден фудбалски тим.“

Дарко Милевски (фудбалер и спортски менаџер)

***

Дали местото во кое што сме родени треба да остане нашето место на живеење и тука да го градиме нашиот духовен храм, да создадеме семејство блиску до нашето семејство па да ја продолжиме нашата фамилиjарна традиција, да успееме да ги реализираме нашите сништа и визии тука во Македонија и да останеме скромни со нашите барања и потреби.

слика 4Или да отидеме далеку во земји каде ќе сме добро материјално ситуирани но без духовна среќа, да работиме деноноќно и да трчаме по реализацијата на нашите желби кои најчесто се поврзани повторно со материјалноста и да живееме со вечното чувство на странец и туѓинец во секоја земја.

Колку далеку отидовме? Зошто не сме задоволни со тоа што ни го оставиле и за тоа што се бореле нашите предци? Каде отиде нашата скромност и основна потреба за среќа и љубов?

Сите длабоко во нас ја знаеме тајната на постоењето и време е да станеме свесни дека мирот треба да си го најдеме точно во самите нас!

 

***

Каде и да одиме секогаш треба да знаме од каде сме тргнале, кои се нашите корени и  да им дадеме почит, така што нашите темели на вистински живот ќе останат цврсти и стабилни.

Со љубов,

ваша Стефанија.

* Целосно издание на Емисија бр. 3 :

[youtube id=”YY5s56533Zs”]

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *