„Со љубов Стефанија“ 11.06.2017|Емисија бр.8

„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија, посветена на музика, култура, спорт,19023412_823934197765532_1901800048805699028_o исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.

Гости: членовите на мотоклуб „Конзули“ Битола – Илија Банчотов, Ѓоко Ѓорѓиевски и Борче Гацовски.

Тема: адреналинската слобода на моторџите како начин на живот, предрасудите и ставовите околу оваа тема, слободата низ висок морал и совети од нутриционист за покачување на тежина.

19023304_823527317806220_1706298501796772224_o

Музика: Стефанија – Catch the stars (Албум Ретро – Перспектива 15′)

STEFANIJA – “RETRO – PERSPEKTIVA” / Musical performance – Stefanija

www.stefanijaofficial.com

Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.

***

19023425_823527231139562_1385220831688479170_o

Автор и водител – Стефанија

|Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер |Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола|

Дизајниран накит – Арт ленд, Битола| Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист|

Режија – Стефанија| Локација – Анастасија Центар |Уредник – Марија Чулакоска|Камера – Александар Котевски| Монтажа – Билјана Мицевска|

Реализација – Хдтв Мега 2017

 

***

Слобода! Тема која несомнено секој ја посакува и на различен начин треба да си ја создава.19055748_823527511139534_4402582086258284099_o

Денешнато издание е посветено на адреналинската слобода како начин на живот, кој моторџиите го живеат, поминувајќи дадена бројка на километри и создавајќи многу нови пријателства.

Предрасудите и ставовите околу оваа тема ќе ги разрешиме и појасниме токму денес… мои денешни гости се моторџиите на мото клуб „Конзули“ Битола,  Заменик претседателот – Илија Банчотов, Портпаролот на клубот -Ѓорѓи Георгиевски и член на клубот Борче Гацовски!

 

***

За да бидеме слободни најпрво треба да се спознаеме себе си и да си дозволиме живот без општествени ограничувања, бариери и предрасуди, но имајќи го во предвид моралот  – тоа јас би го дефинирала како СЛОБОДА НИЗ ВИСОК МОРАЛ.

Да се збогуваме со ЕГОТО  и да го поканеме МИРОТ во нашата ДУША. Да и дадеме предност на среќата, токму на онаа детска среќа која не потсеќа на ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ.1-1

За да бидеме слободни треба да го победиме и високо да се издигнеме над СТРАВОТ. Да веруваме дека доколку не се водиме со конфликтна логика, сме под БОЖЈА заштита. Откако се соочиме со двете страни на животот и го допреме дното, како благодет доаѓа духовното просветлување наречено СРЕЌА.

За да бидеме слободни треба да се задоволиме со малку, за тоа МАЛКУ еден ден да стане МНОГУ ВРЕДНО. Да избегаме од МАТЕРИЈАЛНИТЕ канџи на денешницата, за дури тогаш да станеме НАЈБОГАТИ на  целиот свет.

За да бидеме слободни треба да постигнеме баланс на : ТЕЛОТО, ДУШАТА И ДУХОТ.19024964_823527491139536_6013109359234424121_o

За да бидеме слободни треба да УЧИМЕ И ДА ИСТРАЖУВАМЕ, за да можеме да СПОДЕЛУВАМЕ И ДА ПРОСВЕТЛУВАМЕ.

За да бидеме слободни треба да се водиме според ВИСТИНАТА и без да стравуваме гласно да ја говориме.

***

Препораки за покачување на телесната тежина од дипломиран нутриционист Елена Чороловска.

  1. Испостете го телото 3 дена, сo тоа ќе ви се подобри варењето на храната, а воедно и абсорпцијата на хранливите материи.
  2. Потрудете се да имате редовни оброци во текот на денот и да ги промените навиките во исхраната. Кога веќе се наоѓате во состојба да сакате да покачете на телесна маса, значи дека моменталнатиот начин на исхрана не ви одговара.
  3. Барем еднаш во денот да имате оброк кој ќе се состои исклучиво од свежи плодови, особено слатките овошки, дајте им предност на сушените плодови.
  4. Одбирајте плодови кои се богати со скроб, а воедно може да се конзумираат свежи, како на пример: цвекло, морковисладок компир.
  5. Хранливи и богати со скроб се легуминозите, гравот, леќата, грашокот.3-1
    5. Јаткастите плодови и семињата да бидат застапени во секојдневното, најмалку 4 часа пред конзумирање, бидејќи така сувиот плод оживува, во него се будат ензимите, па се зголемува абсортивната моќ и целосно ги добивате нивните благодети.
  6. Авокадото е плод токму за оние кои не сакаат да внесат многу храна, а сепак ќе бидат нахранети, изобилува со хранливи материи, но не треба да се конзумира премногу често и во големи количини, може да се додаде во секоја салата, на парчиња или како дресинг.
  7. Стекнете навика да секојдневно исцедете свеж соков или измиксирате свежи плодови во комбинација со зеленолиснат зеленчук, така добивате оброк кој полесно се абосрбира и ќе бидете сигурни дека секоја клетка од вашето тело ќе биде нахранета и енергична, за тоа ќе придонесе и хлорофилот од зеленолиснатиот зеленчук кој воедно ќе влијае за подобрување крвната слика. Овој вид на оброк е препорачлив кога имате активен ден, или сте изложени на поголема физичка активност, или сте подолго време надвор од домот, би можеле да го понесете со себе.
  8. Ако и после еден месец не добиете на телесна маса, тогаш изоставете го од исхраната зеленчукот (освен зеленолиснатиот).
  9. Покрај главните оброци задолжително воведете и ужинки, една или две дневно, во нив можете да го вклучите авокадото.
  10. Без да се изостави физичката активност дневно практикувајте да одвоите 20-30 мин. за истегнување и 30-60 мин тежински тренинг, во зависност како ви дозволува здравствената состојба, но да обратете внимание да се одмарате и да имате добар сон.
  11. Практикувајте се што придонесува да се чувствувате енергично и редовно изложувајте се на сонце во период од денот кога е безбедно.
  12. Проучувајте ја храната, за да би можеле самите да си соствувате иделен оброк кој ви одговара за мометалната состојба во која се наоѓате.

Елена Чороловска, дипломиран нутриционист

***

2-1

Да ја подигнеме свеста и да немаме предрасуди кон жените возачи на мотори;

Адреналинот може да биде и проблем кај младите, кои го користат за себедокажување,

тој дури може да биде штетен по живот;

„Слободата“ понекогаш треба свесно да се контролира, за да може да се постигне нејзиниот вистински ефект.

Со љубов,

вашата Стефанија.

* Целосно издание на Емисија бр.8:

[youtube id=”YO6uNqKk_GM”]

 

 

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *