„Со љубов Стефанија“ 14.05.2017| Емисија бр.4

„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија,
посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.

Гости: танчeрките кои долги години танцуваат во Анастасија Центар1
Тема: модерен балет искуство и значење, совети за процесот на отфрлање на лошата храна и привикнување кон здравата и детската желба како наш патоказ во животот.
Музика: Dance – Stefanija
Stefanija – DANCE feat. Dj Ace Mice (Official music video)
(Албум Ретро – Перспектива 15′)

Автор и водител – Стефанија| Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер| Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола| Дизајниран накит – Арт ленд, Битола| Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист| Режија – Стефанија| Локација – Анастасија Центар| Уредник – Марија Чулакоска| Камера – Сашо Неделковски, Никола Најдовски| Монтажа – Билјана Мицевска| Реализација – Хдтв Мега 2017|

Welcome to STEFANIJA’s Music World

www.stefanijaofficial.com
***
Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.

***so ljubov pozadina

Дали сте се заинтересирале за подлабоки и суштински теми?

Дали сте претпоставиле колку е важно како се храниме? Дали спортувате, пеете, танцувате? Дали се запрашувате како да си го направите животот посреќен? Дали сте ја започнале потрагата по себе си?

Емисијата која ќе ви даде идеи и мотивација, која ќе ве разбуди и насочи по патот на вистинските вредности.

 

***

Ве поздравувам сите вас кои станувате верни гледачи на оваа емисија која има за цел да освестува, мотивира и буди. slika11Денешна моја тема е темата која мене лично ми докажа дека може една личност да се храни духовно и да опстојува материјално, односно модерниот балет со своите блиски подтеми современ и џез балет. За да стане оваа тема појасна и да ги разбиеме некои предрасуди и табуа околу возрасните граници на танчерите и полот, кои се создадени околу неа, како мои гости ги поканив танчерките кои веќе долги години  ги обучувам и танцуваат со мене.

 

***

Доколку се сеќавате, во првата емисија споменавме “пролетно будење”. Исто како што природата во пролет се буди, цвета и се станува живо и шарено, токму така би ја опишала целта на мојата емисија, да мотивирам… Како? Така што со инспиративните личности кои ме опкружуваат,  заедно да ви го “приготвиме” совршениот “рецепт” за среќен и исполнет живот, се разбира тоа е многу љубов и здравје. Во рубриката за здрав живот мој советник е нутриционистката Елена Чороловска, со која заедно ќе се потрудиме да ја доближеме храната до вас, бидејќи здравјето влегува преку нашите усти, па ќе се потрудиме на многу по љубовен и по креативен начин да ја осознаваме, за да се спознаеме и самите себе.

Во процесот на отфрлање на лошата храна и привикнување кон здравата, многу е важно да се пие доволно вода (но не за време на оброците) и да се има редовна физичка активност, со цел редовно празнаење на цревата. Еве неколку совети при почетокот на вашите промениslika 12:

* Јадете тогаш кога се осеќате гладни, но никако не смеете да оставите да помине премногу долго време помеѓу оброците. Најдобро имајте помали и почести обрци.

* Под влијание на стрес или возбуда, не е добро да се внесува храна, бидејќи се извлекува стресот и се успорува дигестијата или се стопира.

* При состојба на болест, не се препорачува внес на храна, бидејќи настанува нејзина ферментација – се распаѓа и се претвара во отров.

* Во случај понекогаш да изедете храна која не е здрава, не се вознемирувајте, бидејќи со грижа ќе ја отежните ефикасноста на дигестијата.

* Од голема важност е да се прифати храната која природата ни ја дарувала како вистински пријател.

За да ја спознаете и откриете вистински здравата храна, треба да се научиме да ја сакаме. Суштината на здравјето е задоволување на автентичните потреби, а тоа е можно, единствено со слушање на себеси, со слушање на она што ни го сигнализира телото, она што доаѓа одвнатре.

Само тоа може да даде одговор на нашите вистински потреби.

***

Балетот е формализиран танц кој се базира врз традиционалната балетска техника и вокабулар. Постојат различни стилови на класичен балет кои се поврзани со нивните места на потекло, како што се францускиот, италијанскиот и рускиот балет. Балетот е танц со висока техничка форма и сопствени изразни средства. Првенствено се изведува со придржба од класична музика. Поради својата техничка сложеност и естетска вредност, балетот се смета за најпрестижна форма на танц, и поради тоа е прифатен ширум светот. Балетските претстави се кореографирани и вклучуваат мимика, глума и се придружени со класична музика. Првобитната форма на балетот денес се нарекува класична, а покрај тоа постојат и нео-класичен, модерен и современ балет. Зборот „балет“ потекнува од латинскиот збор ballare, што значи танцување. За балетот се потребни години на обучување за да се научи и владее,и многу пракса за да се задржи нивото на знаење или искуство.Тој се предава во училишта за балет во целиот свет,кои историски ги користеле нивните сопствени култури за да се развие уметноста. Балетот е темел на многу видови на танц.

Модерниот балет, за чиј предводник пред сите се смета Исидора Данкан, опфаќа различни играчки школи и стилови, а го претставуваат изведувачи, кореографи и педагози од многу земји, кои се стремат да создадат нови форми на игра кои би одговарале на потребите на современиот човек. Исто како и музиката, така и модерниот балет, ја има таа уметничка универзалност која ги прескокнува сите пречки и ги зближува и обединува луѓето со јазикот на играта. Од искуството на танчерите добро познато е дека играта има и исцелителна моќ, и дека помага да се победи личната интровертност и за отворање кон другите луѓе. Меѓутоа, модерниот балет не е само набљудувачка уметност во која гледачот ужива во чудото од движења, грациозност, експресивност и во фигурите на танцувачите, туку е и активност која може да ја прави секој кој сака танц, во склад со своите можности, здравствена состојба и интересирања. Како јогата slika13и аеробикот, модерниот балет може да се вежба во многубројни школи за почетници и е наменет за сите возрасти, од деца до возрасни. Со еден збор, никој не мора да биде примабалерина за рекреативно да се занимава со модерен балет. Бенефитите од вежбање модерен балет се огромни, бидејќи вежбите се насочени кон обликување на телото со низа движења кои ги активираат основните мускули на нашето тело, но го ангажираат и умот бидејќи за да се изведат сите вежби како што треба, потребна е и концентрација и контрола, бидејќи секој чекор и движење во балетот се многу складни. Во салата за вежбање нема други помагала освен хоризонтална шипка, или пречка која помага кај вежби на рамнотежа и дишење, снага и издржливост. Еднаш кога ќе се совладаат основните чекори, освен уживање во танцот, секој рекреативен играч почнува да забележува како е сè поеластичен, како фигурата му е поубава, а сигурноста во сопствените движења  му е поголема и подобро контролирана. Иконата на модерниот танц Пина Бауш, која направила вистинска револуција во танцовиот театар.

Во 20 век под влијание и на класичниот и на модерниот танц се развиле нови танцувачки форми, како современ балет, кои се одликуваат со побогати и послободни движења на телото и изразување чувства, мисли, но и драматика на современото време. Современиот балет ги вклучува принципите на основната техника и контрола на телото (користејќи ја абдоминалната сила) на класичниот балет, но овозможува поголем опсег на движење од класичниот балет и може да не се придржува до строгите линии на телото. Многу од неговите концепти доаѓаат од иновациите на модерниот танц, вклучувајќи ги работата на под и свиткување на нозете. Набргу доаѓа до процвет на џез балетот, за денес во 21 век модерниот балет да стане танцувачка форма целосно отворена за фузија на најразлични музичко-сценски изразувања.

Не се вели случајно дека „секое време создава своја уметност“.

***

Како ќе бидеме сигурни дека во животот го правиме тоа што навистина треба да го правиме?slika14

Епа најдобро е да се навратиме во периодот на нашето детство и да се потсетиме што всушност сме сакале искрено, со силна, детска, чиста и наивна желба. Никогаш не е доцна да започнеме да ја следиме таа нишка на детска желба што проникнала тогаш кога најсилно сме посакале и сме се идентификувале како одреден тип на личност, затоа што таму лежи одговорот на сите наши дилеми околу она што навистина треба да сме денес.

Со реализација на нашите искрени желби ќе исчезне секоја можна фрустрација или амбиција за себедокажување и на сцената на нашиот живот ќе настапат среќата и љубовта за вистински да го почувствуваме мирот во нашата душа со комплетирани цели зад нас.

***

Доколку го почувствувате ритамот на вашето срце,slika 15

дозволете му на вашето тело да танцува,

затоа што музиката може да допре до секого и да го однесе до планетата на љубовта

исполнувајќи го со бескрајна среќа…

Со љубов,

ваша Стефанија.

* Целосно издание на Емисија бр. 4:

[youtube id=”coBqBRZwM6U”]

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *