„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија,
посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.
Гости: членови и волонтери на здружението Мали Херои Битола, Билјана Јошевска и Цеце Мароковска;
Елена Чороловска дипл. нутриционист (тема исхрана).
Домашни миленици: кученцето Јована и папагалот Стив.
Тема: Бездомите животни, домашните миленици и нивната моќ да смируваат и да ја балансираат енергијата, домашна градина.
Музика: Стефанија – After rain comes sun (Албум Ретро – Перспектива 15′)
STEFANIJA – AFTER RAIN COMES SUN (Musical performance Retro – Perspective)
www.stefanijaofficial.com
Автор и водител – Стефанија
Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер
Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола
Дизајниран накит – Арт ленд, Битола
Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист
Режија – Стефанија
Локација – Анастасија Центар
Уредник – Марија Чулакоска
Камера – Александар Котевски
Монтажа – Билјана Мицевска
Реализација – Хдтв Мега
2017
***
Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.
Мои денешни гости на оваа сцена каде паѓаат сите маски , се членовите на здружението ,,Мали Херои“ од Битола, Цеце Марковска и Билјана Јошевска.
***
Јована (3 год., моето домашно милениче) – реагира на високи фрекфенции и вие. Тоа го открив кога правев распевање додека таа беше малечка и започна да ми пее. Од тогаш кога и да и запејам во повисока тоналност, таа ми се придружува во дует.
***
Во нашиот живот секогаш имаме потреба од домашно милениче, затоа што тоа ќе не потсетува на безусловната љубов која лежи длабоко во сите нас. Тоа ќе не научи да даваме безрезевна љубов и на другите. А лојалноста? За него е поим кој важи како правило број еден. Доколку ги следиме неговите чекори, нашата лојалност и кон луѓето ќе стане поголема. Кога ќе се поврземе со неговата душа, во нас се создава силна врска на одговорност кон животот воопшто. Затоа што ако одреден живот зависи од твоите постапки, јасно е дека стануваш посовесен човек.
Тоа е пријателот кој има нераскинлива врска со тебе. Пријателот кој при секоја средба со тебе ја има најголемата радост.
Пријателот кој не е зафатен за да те сослуша кога ти е тешко или пак да нема време за тебе. Да се замислиме за подлабоката поврзаност на човекот со животните. За влијанието кое го имаат тие врз нас. За нивната моќ да не смируваат и да ни ја балансираат енергијата. Да се замислиме каков е нашиот однос кон нив. Да се замислиме…
***
Извадоци од дијалогот на Стефанија со дипл. нутриционист Елена Чороловска.
* Создадов мала градина за да се грижам за мојата здрава исхрана, за моето тело и за моето здравје.
* Љубовта кон домашната градина, подоцна може да се пренесе и на нашето тело.
* Зборот љубов го поврзуваме со нашата исхрана.
* Таа енергија што и ја пренесуваш на храната, таа енергија ја добиваш назад.
* Здравјето доаѓа од природата.
* Доброто расположение е здравје.
* Нашето тело е способно за саморегулација, знае во кој момент што му е потребно.
* Живата храна – живот дава.
* Искривената слика за исхраната ја предизвика желбата за добар надворешен изглед.
* Да ги проучиме намирниците и да ги знаеме нивните комбинации.
* Едно парче мир на сите ни е потребно и треба да си го создадеме.
* Да му дадеме љубов на оброкот што го јадеме во денот.
***
Вистински да го сфатиме постоењето на животните како наши пријатели и за почеток да имаме брза реакција со вдомување на едно животно…
Со сигурност ќе станеме посреќни и двете страни…
Со љубов,
Стефанија.
* Целосно издание на Емисија бр.9:
[youtube id=”VeV-b3wp6Xo”]