„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија, посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.
Гостинка: Елена Чороловска, дипломиран нутриционист.
Тема: Исхрана, загревање пред тренинг и љубовта како нова ера.
Музика: Разбуди ме – Стефанија (Албум Ретро – Перспектива 15′). YouTube: Stefanija – Razbudi me/ Wake me up (Official music video).
Автор и водител – Стефанија| Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер| Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола| Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист| Режија – Стефанија| Локација – Анастасија Центар| Уредник – Марија Чулакоска| Камера – Сашо Неделковски| Монтажа – Билјана Мицевска| Реализација – Хдтв Мега 2017|
Welcome to STEFANIJA’s Music World
www.stefanijaofficial.com
***
Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.
***
Дали сте се заинтересирале за подлабоки и суштински теми?
Дали сте претпоставиле колку е важно како се храниме?
Дали спортувате, пеете, танцувате?
Дали се запрашувате како да си го направите животот посреќен?
Дали сте ја започнале потрагата по себе си?
Емисијата која ќе ви даде идеи и мотивација, која ќе ве разбуди и насочи по патот на вистинските вредности.
Тоа е новото кул и младите веќе го живеат.
Бидете свои, пронајдете се, следејќи ја новата емисја исполнета со среќа…
Сите случувања, секојдневните обврски и задачи, амбицијата или неамбицијата ни го прават животот некако оддалечен од едноставните нешта. Тие се предвесници на вистинските вредности. Јас сакам да потсетувам и да будам, имам цел да ја кренам свеста кај сите оние кои имаат потреба од тоа. Моите сознанија, сознанијата на моите најблиски и на моите пријатели ми овозможија да стигнам до некои заклучоци. Тие заклучоци ќе ги споделувам токму со вам и се надевам дека ќе пробудам некои заборавени ваши страни, ќе мотивирам и ќе освестам. Сето тоа ќе се обидам да го доближам до вас преку мојот начин на живот или преку презентација на музика, исхрана, спорт и филозофија на живот.
***
Водата е извор на животот. Човечкиот организам не може да функционира без вода. Човекот може да живее без храна подолго време, но без вода не. Водата е составен дел на телото и претставува 75% од вкупната телесна тежина. Основната потреба за вода на нашето тело дневно изнесува 2.5 дл вода, односно 8 чаши, ве предизвикувам да ги замените другите пијалоци, како чај, кафе, сокови, алкохол, кои се полни со шеќери, со чиста вода!
Идеално време за конзумирање на вода е половина час пред оброк (појадок, ручек, вечера и ужините) – една чаша, истата количина 2 и полoвина часа после оброк. Никогаш водата не ја конзумираме за време на оброците. Особено е важно денот да се започне со чаша вода и исто така да се заврши. Кога ќе донесеме одлука да го зголемиме дневниот внес на вода, тоа треба да биде постепено, односно секоја недела да внесуваме плус 2 чаши вода од вообичаената навика. Промената во вашето тело ќе биде очигледна со губење на телесната тежина, прочистување на лицето и самата мисла пред се. Пријатели течности на водата се вода со овошје – мојот избор е вода со лимони, кои се одличен извор на витамин Ц кој е главен оксидант.
И не заборавајте, 1 чаша вода содржи поглема моќ од било кои лекови.
(Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист)
***
Важноста на основното загревање пред тренинг
Било каква физичка активност е подобра отколку никаква физичка активност. Нашето тело има потреба од движење и ние треба да му го дадеме тоа, инаку настануваат енергетски блокади по телото и згрчувања на мускулите. Овој тип на вежби кои ги демонстрирам на видеото, можеме да ги практикуваме и пред почеток на дневната рутина. Нека денот ни започне со раздвижување и загревање пред да се впуштиме во акција. Подготовката на организмот за вежбање е многу важна за што поквалитетно да се пристапи кон посакуваниот процес на вежбање. За да се избегнат спортски повреди при тренингот треба да се користат некои основни правила: Најважно е добро да се загрееете. Загревањето не е само задолжително за спречување спортски повреди, туку едноставно и за одржување оптимален и задоволителен тренинг. Треба да се започне со просто загревање на целото тело, почнувајќи од главата па се до стопалата, за да функционалниот систем почнува да делува на повисоко. За загревање користиме различни вежби, како статички така динамички. Најпрво мораме да го загрееме вратот и поголемите мускулни групи, рацете и нозе.
Колку долго треба да се загревате? На професионалните спортисти им треба помалку време, најчесто трае од 20 – 40 минути, а ако се работи за долга активност тогаш и загревањето ќе биде подолго. За спортот да ги даде најдобрите можни резултати, потребно е вашиот пристап да биде што е можно поквалитетен. Истегнувањето исто така треба да биде дел од нашиот секојдневен живот, затоа што покрај другото го опушта вашиот ум, релаксира и го приспособува телото за секаква активност. Секој може да се истегнува без разлика на возраста, флексибилноста , тренираноста…
***
Во животот доаѓаме во безизлезни ситуации кои не тераат да размислуваме за смислата на самиот живот.
Кога човек ќе го допре сопственото дно добива кристализирана слика за изборот кој треба да го направи. Одговорот е Љубов. Доколку го слушаме срцето и доколку разумот ја следи интуицијата, доаѓаме до факти кои не водат по вистинскиот пат. Вербата е нашиот патоказ, кој секогаш се појавува на крајот од тунелот во вид на светлина. Така можеме да ја откриеме сопствената среќа и зрачејќи ја, даруваме на другите луѓе кои имаат силна потреба од неа. Со дарување и споделување, помагаме на другите, а пред се си помагаме самите себе. За да започнеме со сопственото будење, ќе треба да погледнеме во себе и да започнеме точно од самите нас.
Среќата се наоѓа во самите НАС. Да започнеме да се будиме од долговечниот сон. Дојде ерата на Љубовта… Се надевам дека оваа емисија ќе промени многу ваши стари навики и ќе ви помогне да започнете да ги градите темелите на вашиот храм.
Со љубов,
ваша Стефанија.
* Целосно издание на Емисија бр. 1 :
[youtube id=”ewlaYM4Kab4″]