„Со љубов Стефанија“ забавна и едукативна емисија,
посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.
Гости: Софија Ристевска, режисерка и сопственичка на првиот приватен театар со сопствен простор, Интимен Театар;
Исхрана: Елена Чороловска, дипл. нутриционист;
Тема: уметноста и културата, детоксификација и театарот како дом на артистот.
Музика: Стефанија & Dj Boza – I was there (Албум Ретро – Перспектива 15′)
Stefanija & Dj Boza – I WAS THERE | Performance Fly Project II|
www.stefanijaofficial.com
Автор и водител – Стефанија
Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер
Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола
Дизајниран накит – Арт ленд, Битола
Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист
Режија – Стефанија
Локација – Анастасија Центар
Уредник – Марија Чулакоска
Камера – Никола Најдовски
Монтажа – Билјана Мицевска
Реализација – Хдтв Мега
2017
***
Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.
***
Во текот на емисиите дискутиравме најразлични теми, доста голем акцент ставивме на спортот, за да го поттикне нашиот темперамент и да не научи да дадеме почит на нашето здравје. Но во оваа емисија ќе опфатиме една тема која сметам дека е коренот на една нација и дека е алатка за изразување на народот, односно уметноста и културата. Тие го оформија мојот светоглед, дадоа смисла на моето тврдење и ме поврзаа со личност која виртуозно создава дела!
Тие дела гласно говорат и зборуваат јасно, кои се потребите на народот и на личноста пред се.
Моја денешна гостинка е уникатната и специфична режисерка, сопственичка на првиот приватен театар Интимен театар, тоа е нашата најмила Софија Ристевска!
***
Сцена.
Место на кажани зборови, танцувани чекори, испеани песни.
Инспирација и имагинација ставени во реализација, приготвувани деноноќно во неизбројани часови, поставувани со наталожено искуство и соодветно знаење, со дадена цел да променат нечии други животи, да создадат слика за некое време , место и состојба, кои ќе потсетат и освестат.
Професија со обемна тежина на задачи, со сплотени мисли, чувства, интелект, движење и начин на изразување.
Дом на артистот.
Сценографијата – интеририер, рефлекторите – муза, звукот – храна, за да биде спокој на секој кој го посетил овој новосоздаден храм.
Темел на културата и уметноста, на восипитувањето на општеството.
Давајќи им почит, нашата совест достигнува едно повисоко ниво!
***
Дијалог на Стефанија со дипл. нутриционист Елена Чороловска, тема – детоксификација, детокс води и различни освежувачки рецепти.
***
Да одиме почесто во театар, да ја истражуваме уметноста, да стануваме се по љубопитни за да им дозволиме на уметничките дела длабоко да ја допрат нашата душа и да ни помогнат или да не поттикнат во донесувањето на одлуки. Посерозно да го сфатиме придонесот кој го имаме во градењето на нашата култура!
Со љубов,
ваша Стефанија.
* Целосно издание на Емисија бр.10:
[youtube id=”mXjoAtQaBfE”]