„Со љубов Стефанија“ 28.05.2017|Емисија бр.6

„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија, посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.

Гости: децата од заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот ,,Кочо Рацин” Битола, со нивните учителки и дефектолози: Драгана Кирковска и Катерина Шаркоска (која прави превод на знаковен јазик)
Тема: доближување на животот во тишината, диетите и погрешната информираност и тишината како наш животен учител.

Музика: Стефанија –  Малку љубов (Албум Ретро – Перспектива 15′) STEFANIJA – MALKU LJUBOV / A little love ( Music video & Live Performance)

3

Автор и водител – Стефанија
Костими – Анастасија Зулевска Милевска, моден дизајнер
Шминка и фризура – Лтд Салон, Битола
Дизајниран накит – Арт ленд, Битола
Совети и препораки – Елена Чороловска, дипломиран нутриционист
Режија – Стефанија
Локација – Анастасија Центар
Уредник – Марија Чулакоска
Камера – Никола Најдовски
Монтажа – Билјана Мицевска
Реализација – Хдтв Мега
2017
***
Сите информации, линкови, препораки и совети ќе бидат приложени на блогот од оваа официјална веб страница.

***

„Со љубов Стефанија“ е емисија која сака да ви ги прикаже животните реални 1ситуации од поинаков аспект. Ќе ве натера да се замислите и да си поставите подлабоки прашања, чиј одговор ако подобро размислиме, лесно го наоѓаме во самите нас.

Едно поинтересно доближување на животот во тишината ќе имаме во денешната емисија, мои гости се деца од заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и деца со пречки во развојот „Кочо Рацин“ Битола, заедно со нивните учителки Драгана, Марија и Катерина која ќе прави превод на знаковен јазик.

***

4 – Во мојата тишина си царувам сам со себеси.5

– Не може да ме допре никаква негативна мисла ниту пак да ме завладее не добра енергија, затоа што она што го чувствувам е љубов.

 

 

6-114-1

– Мојата единствена мисија е да ја ширам и да зрачам со  позитивна енергија.

– Тие што се во моја близина можат секогаш да ја почувствуваат среќата, чудејќи се како моите потешкотии преминале во лесно  преминати и освестени пречки.

 

8-1

– Справувајќи се со нив се надевам дека ќе им отворам пат на7-1 многу дечиња како мене, докажувајќи им  дека секоја желба може да се оствари, доколку нашата мисла е завладеана од надежта.

– Негувајќи го сопствениот талент оставаме вистински траги позади нас.

 

 

10-1

9-1

– Ние сме кодирани да ја осетиме вистината и добро да прецениме што всушност значи смислата на животот.

– Тишината како што знаеме ги крие одговорите кои нам ни се потребни.

 

Тишината е засолниште на нашиот мир.11-1

Луѓето кои се родени во тишина, природно го имаат тој мир. Нека ни бидат пример како да го слушаме сопствениот глас во тишината, кој е наш лидер и е чедо на нашата интуиција.

 

 

***

Диетите и погрешната информираност

Секогаш кога зборуваме на тема телесна тежина, растажувачки е фактот што луѓето се опседнати со губење на килограми (понекогаш и добивање на тежина), a  притоа воопшто не обрнуваат внимане дали му наштетуваат на своето здравје или виталност. Кратковидно концентрирани на сликата да изгледаат добро, испробуваат секакви експерименти на диетите кои моментално се актуелни и кои ветуваат симнување на килограми за толку или онолку денови. Се шират безброј неверодостојни информации само со цел да има поголема заработка. Токму поради неинформираноста на населението, синдромот на дебелина и болестите поврзани со неа се повеќе се шират и покрај тоа што постојано слу13-1шаме од луѓето како испробале се, нискомасна, високомасна, високопротеинска исхрана,  пилули за слабеење, прашоци, шејкови и што уште не. Сето тоа е резултат само на ПОГРЕШНАТА ИНФОРМИРАНОСТ.

Дебелината всушност е проблем на несоодветна исхрана, на пример:  Да се исхрануваш здраво не значи лишување од храна и нарушување на здравјето со гладување; Насекаде слушаме дека  “Се треба да се конзумира во умерени количини”, но тоа не е баш така. Храната кој е добра за нас е добра само во умерени количини, а онаа која не е добра треба да се избегнува, без разлика на количината.

Младоста простува, можеме да јадеме несоодветно комбинирани оброци,  нездрава и брза храна, да конзумираме лоша храна за да изгледаме повитко или да внесуваме многу маснотии за да добиеме на килажа, или пак со превисок внес на протеини да добиеме силна мускулатура или да земеме суплементи кои вештачки стимулираат… Сето тоа би можеле да го практикуваме неколку децении без очигледно штетно ефекти, но потоа почнуваат дијагнозите, бидејќи ние немаме претстава како да ја сведеме нашата исхрана на ефективна, нискомасна, со 10 % застапеност на маснотии, немаме поим дека високопротеинската исхрана води до остеопороза, бубрежна инсуфициенција и недостаток на енергија за вежбање. Тело кое одлично изгледа, не е всушност единствено нешто што би посакувале. Ако ја пренасочиме нашата концентрација кон здравјето, тоа ќе го забрза патот до постигнување на оптимална телесна тежина, но бидејќи ќе се чувствуваме така одлично, голема е веројатноста дека окупираноста со тежината ќе завземе споредна улога, а приоритет ќе биде виталноста.

Сето ова ви го кажувам за да ве поттикнам да започнете да ја проучувате храната, а не да се потпирате на невередостојните совети кои се лесно достапни на интернет. Исхраната, во зависност од состојбата во која се наоѓаме е идеална само за нас, но во никој случај тоа не е некоја универзална диета! Препорачува нашата нутриционистка Елена Чороловска.

***2-1

Тишината нека биде наш животен учител, затоа што многу одговори се кријат таму.

Да им дадеме љубов на сите луѓе кои имаат потешкотии и да им помогнеме преку дела.

 

Со љубов Стефанија.

* Целосно издание на Емисија бр.6:

[youtube id=”C0uRGT9ud6s”]

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *