Стефанија и Владимир со концерт на Златар фест

На 22.07.2022, како дел од Златар фест во Нова Варош, Србија, се одржа концерт на Стефанија и Владимир. Рефренот „Знаш да после кише долази сунце“ или „Знаеш после дождот доаѓа сонце“ продолжи да одѕвонува и наредните денови помеѓу публиката. Атмосфера која остана запаметена после македонско – српските песни на дуото, кое плени со својата ункатност.

Фотографии: Бојана Лојаничиќ Костими: Анастасија Зулевска

Златар фест се одржува како музички настан во контекст на доста популарните МОСИ игри, кои се одржаа по 57ми пат, во Нова Варош, западна Србија. МОСИ Игри или Меѓуопштински младински спортски игри, спортски натпревари за млади спортисти од 3 земји, односно од општините кои спаѓаат во тромеѓето Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Оваа година домаќини беа Нова Варош, со учесници околу 2000 спортисти, кои се натпреваруваа во повеќе од 15 дисциплини (фудбал, кошарка, ракомет, тенис, одбојка, одбојка на песок, атлетика, шах, риболов…)

Како дел од овие игри настапи и Владимир, заигра за град Нова Варош, каде го освоија златниот медал во кошарка.

Музиката и спортот се во неразделна врска на дуото Стефанија и Владимир. Стефанија е голема поддршка во првите редови на навивачките клупи, кога станува збор за натпреварите во кои учествува Владимир, како професионален кошаркар.