20 ГОДИНИ “АНАСТАСИЈА” – “СЕ ВИКАМ МАКЕДОНИЈА”

По повод 2о години од студиото “Aнастасија” на 27.07. 2016, во Завод и Музеј – Битола (Пацио) се одржа голем настан „Се викам Македонија“ – ексклузивна модна ревија за возрасни и танцов музички перформанс, со главна идеја – пренос на македонската култура и традиција.

se vikam Makedonija 2 (2)

Оваа година модно студио и студио за модерен балет “Анастасија” одбележа 20 годишна активна работа со деца, млади и возрасни. Сиве овие 20 години е поборник за вистинските вредности – за да ги имаме треба да се познаваме себеси и да ги познаваме своите корени, притоа да ги цениме и чуваме. Темата беше застапена во 4 колекции со креации  за возрасни и деца, кои носат антички македонски елементи, поврзани со 4те основни елементи: вода, воздух, оган и земја, а духовноста е карактеризирана со белата боја како основа на постоењето. Дел од манекените беа поранешни ченови на самото студио. Моделите се изработени од модниот дизајнер Анастасија Зулевска Милевска, а модните додатоци ги изработи Јованка од Art Land. За шминката и фризурата на моделите се погрижи LTD salon. Танчерките од студиото за модерен балет “Анастасија” преку танцов перформанс презентираа дел од македонската култура и традиција, со танцови движења беше одиграна и дел од македонската историја. Голема храброст и професионалност покажаа најмалечките танчерки чија минимална возрасна граница е 3 години и половина. Стефанија преку пеење, танц, говор и манекенство даде придонес и завршна мисла на сето ова големо случување.

 

DSC_0349 DSC_0452  DSC_0756 DSC_0877 DSC_0901 DSC_2810 DSC_2786    DSC_0535     DSC_2714 DSC_2512   DSC_2484  DSC_2462  DSC_2389 DSC_0948 DSC_2831   DSC_2877 DSC_2940 DSC_0943 DSC_0713 DSC_2826 DSC_2528 DSC_2884 DSC_0842 DSC_0803 DSC_2634 DSC_0479a    DSC_2582    DSC_2565

DSC_0582 DSC_3049 DSC_0986

Повеќе фотографии и информации на :FB PAGE – Anastasija fashion & studio for modern ballet


***Анастасија има 20 годишно искуство како моден дизајнер, организатор е на околу 50 модни ревии, со уникатни модели, перформанси, културни настани кои се поврзани со деца, млади и возрасни, проект “Битола Те Сакам” – избор на битолски таленти 2014, подготовка на деца за избор на детска Евровизија, за музички фестивали – изработка на модели и сценски настапи. Раководител е на модно студио и студио за модерен балет “Анастасија”, организатор е на “ТАНЦУВАЈ, Без предрасуди” – Интернационален ден на танцот во Битола (2015,2016). Голем е бројот на учества со школата за модерен балет на детско – тинејџерски фестивали и реализацијата на перформанси на различна тематика. Учество со посебна колекција на промоцијата на првиот музички албум „Ретро Перспектива“ 2015 на поп пејачката Стефанија, која е заштитно лице, кореограф и дел од студиото цели 20 години.

МОДНО СТУДИО И СТУДИО ЗА МОДЕРЕН БАЛЕТ
Анастасија Зулевска Милевска – Моден дизајнер
Fb: Anastasija fashion & studio for modern ballet
тел.: 070477786

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *