Перформансот „Девојчето со долгата коса“ дел од Регионалните денови на културата во Пелагонија

На 15.11.2016, Нова сцена во Центарот за култура- Битола, со соло музички перформанс на Стефанија, беа отворени Регионални денови на културата во Пелагонија.
„Девојчето со долгата коса“ е авторски соло перформанс, изработен по текст, режија, кореографија и идеја за музика на Стефанија.

Стефанија – 20 години како заштитно лице на студиото “Анастасија”

Стефанија 20 години е дел и заштитно лице на студиото “Анастасија”. Започна на нејзина 4 годишна возраст да учествува на модните ревии, организирани од нејзината мајка и моден дизајнер, Анастасија Зулевска Милевска. Стефанија е професионален кореограф на модно студио и студио за модерен балет „Анастасија“ во Битола, од 2006 година. На сите нејзини музички настапи како пејачка носи костими специјално дизајнирани за неа …

“Будење на пролетта” – претстава посветена на жената со доза на битолски сарказам

Интимен театар ја изненади својата верна публика со нова претстава, која овојпат е целосно посветена на жената.Претставата е работена по текстови од Франк Ведекинд и документарни материјали. Играат Здравко Стојмиров, Стефанија Милевска и Софија Ристевска.

Заврши промоцијата на првиот албум на Стефанија низ Македонија

“Бескрајна среќа! Нешто што нема цена! Чиста љубов и вистинска емоција! “тоа е заклучокот на Стефанија после турнејата низ Македонија по повод промоција на првиот албум “Ретро-Перспектива”. Турнејата траеше скоро два месеци (30.10 – 17.12.2015), а се одржа во (Битола, Охрид, Прилеп, Велес, Струмица, Гевгелија и Скопје). БЛАГОДАРАМ НА…

Промоцијата на првиот музички албум на Стефанија завршува во МНТ (мала сцена) – Скопје

После успешната турнеја низ Македонија (Битола, Охрид, Прилеп,Велес, Струмица, Гевгелија, две промоции во Скопје) во текот на ноември и декември, промоцијата на првиот музички албум на Стефанија завршува на 17.12. (четврток), 19ч. во МНТ (мала сцена) – Скопје.