Био

Стефанија (Милевска Враниќ) е музички артист, дипломирана пејачка по поп и џез пеење на НБУ во Софија (2014). Магистер по методологија и педагогија на современ танц, на УГД Штип (2025).

Како уметнички директор на „Анастасија Центар“ – Битола Anastasija Center центар за музика, танц, мода и уметност), Стефанија успешно ги спојува улогите на професионален музички педагог, танцов инструктор, музички терапевт, едукатор, кореограф, режисер и продуцент. Таа е пионер во интеграцијата на музичката и танцовата терапија во Македонија и основач на едукативната платформа Flow & Movement Concept Training.

Како продуцент и творец, стои зад аудио и видео продукцијата Welcome to Stefanija’s Music Worldчија основа е истоименото музичко студио што го основала. Во рамки на студиото делува како композитор, текстописец и продуцент. SteinbergВо 2020 година, Стефанија станува Steinberg сертифициран музички продуцент преку музичкото училиште. Enterprise Истата година го издава својот прв авторски албум Retro-Perspective, проследен со серија авторски видео реализации за песните: „Безнадежен“, Dance, „Малку љубов“, „Само мој“, „Волшебен миг“, „Разбуди ме“, Lux Life, I Know We’ll Meet Again и Hey You, Listen!.

Во 2023 година го издава својот втор солистички албум „Девојчето со долгата коса“, а во 2024 година промовира четири нови видео спота за песните: „Едно моме“, „По патот на светлината“, „Бегаш“ и „Да раширам крилја“. На крајот од истата година реализира Балканска турнеја, со концерти во Мостар, Сараево, Белград, Скопје и Битола. Во 2025 година го одбележува деценискиот јубилеј од својата уметничка кариера со концертот Stefanijazzодржан во Центарот за култура – Битола.

 

Во 2019 година, заедно со гитаристот Владимир, го формира дуото Stefanija & Vladimir , со кое започнува серија настапи во Србија и Македонија. Во 2020 година започнува снимањето на нивниот заеднички албум Trilogy, составен од 30 авторски композиции. Во овој проект, Стефанија се појавува во улога на музички продуцент, композитор, текстописец и режисер. Дуото ги промовира песните Healer, „Од душата не ми бегаш“, „Нешто“, Snow и „Ми фалиш“, настапувајќи на значајни фестивали како Nišville Jazz Festival, Zlatar Fest (Serbia), Solstice Festival, и Bitfest Битола. Тие, исто така, се автори и изведувачи на официјалната химна на Фестивалот за филмско сценарио во Врњачка Бања, Србија – „Бања те чека“.

Огромниот број настапи и бројните награди што ги има освоено како истакната изведувачка сведочат за нејзината извонредна уметничка активност и посветеност. Нејзиниот богат репертоар опфаќа солистички концерти и авторски сценски перформанси како Fly Project I, II, III, IV, Девојчето со долгата коса, Oneness и други, во кои успешно ги обединува музиката, танцот и театарот. Стефанија учествувала и во бројни музичко-сценски продукции и мјузикли, меѓу кои: „Исцелител“, Music All, Hair (Бугарија), „Вечерна романса“ – џез-опера трио од Македонија, Кипар и Бугарија. Таа е дел и од претставите на „Интимен театар“: „Со љубовта шегување нема“ и „Будење на пролетта“, како и од Отворањето и Затворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, каде настапува со оригинален музички перформанс. Во нејзиниот творечки опус се вбројува и соработката со Камерниот оркестар на Битола, што дополнително ја потврдува нејзината уметничка разновидност. Во 2017 година ја создава и води сопствената телевизиска емисија „Со љубов, Стефанија“ на телевизија Мега, каде преку уметноста и интервјуа ја промовира љубовта кон музиката и животот. Нејзините сценски настапи, кои ги обединуваат танцот, глумата и пеењето, ја претставуваат како комплетен уметник – личност со редок синкретичен израз и длабока сценска енергија. Покрај уметничката дејност, Стефанија е активист за правата и инклузијата на лицата со попречености, редовно учествува во хуманитарни проекти и настани посветени на подигнување на јавната свест и афирмирање на вистинските човечки вредности. Во периодот 2012–2014 година, настапува низ Македонија со нејзината група Bluesis, изведувајќи програма во блуз, рок, поп и џез стил. Нејзината сценска приказна започнува уште во 2010 година, со учеството во музичкото шоу „Музички идол“, каде првпат ја афирмира својата вокална автентичност и сценска харизма.

 

Стефанија е професионален кореограф во модното студио и студиото за модерен балет „Анастасија“ – Битола, каде работи од 2006 година. Нејзиниот танцов пат започнува уште на седумгодишна возраст, кога ги прави своите први чекори во школата за танц „Ребис“. Од тогаш, Стефанија активно танцува и се усовршува како изведувач – и како дел од групи, и како солист – настапувајќи на бројни фестивали, натпревари и работилници во земјата и странство. Нејзиното усовршување го продолжува преку учество на престижни меѓународни танцови семинари и работилници, меѓу кои: „Радоста на танцот“ – Софија, Бугарија (2016), „VOGUE“ – Барселона, Шпанија (2016), „Beyond Technique“ – Софија, Бугарија (2016), „Dance It“ – Илиев Танц, Софија, Бугарија (2014), „Adrianas Dance“ – Гетеборг, Шведска (2011) – со фокус на модерен, џез и современ балет, како и хип-хоп техника. Во својата повеќе од две децениска кореографска кариера, Стефанија има создадено над 500 кореографии, реализирани на детски фестивали, телевизиски емисии, натпревари и сценски проекти. Таа е автор на кореографиите за фестивалите Си-До, Ѕвездички, Тралала, Мегабит, Езерски бисери, како и за Охрид Фест и Макфест (2006–2026). Нејзиниот потпис стои зад бројни модни перформанси, флеш мобови и сценски настапи, меѓу кои и големите јубилејни проекти на студиото „Анастасија“, по повод неговото 25 годишно постоење. Како кореограф и режисер, Стефанија е автор и на инклузивниот музичко-сценски мјузикл „Исцелител“, како и на серија танцови перформанси со оригинална концепција: „Мојата желба е…“, „Среќа е да танцуваш“, „Сила на слободата“, „Се викам Македонија“, „Бесконечност“, „Иновација“ и други. Покрај уметничката работа, таа е организатор на танцови и културни настани, меѓу кои и „Танцувај без предрасуди“, танцов хепенинг посветен на Меѓународниот ден на танцот, како и член на организацискиот тим на „Битола те сакам“, проект посветен на промоција на младите таленти од градот.