Био

Стефанија (Милевска Враниќ) е музички артист, дипломиран музиколог по поп и џез пеење на Новиот Бугарски Универзитет во Софија, Бугарија 2014 г. Моментално посетува Магистерски студии на филмската академија УГД Штип, отсек методологија и педагогија на современ танц. Родена е на 3ти јануари 1992 година во Битола.

Стефанија е уметнички директор на „Анастасија Центар“ Битола (центар за музика, танц мода и уметност) каде исто така е професионален музички педагог, танц инструктор, музички терапевт, едукатор, кореограф, режисер и продуцент. Прави интеграција на музичката и танцова терапија во Македонија, основач е на платформата Flow & Movement Concept training.
Продуцент е на аудио и видео продукцијата Welcome to Stefanija’s Music World. Стефанија го основа музичкото студио “Welcome to Stefanija’s Music World”, каде се јавува како композитор, текстописец и продуцент, а во 2020 година станува „Steinberg“ сертифициран музички продуцент од музичката школа - Enterprise. Издава прв авторски музички албум „Ретро – Перспектива“ . Промовира повеќе авторски видео записи за песните „Безнадежен“, "Dance", „Малку љубов“, „Само мој“,„Волшебен миг“, „Разбуди ме“,"Lux life", "I know we'll meet again", "Hey you, Listen!.
На крајот од 2023та го издава и вториот солистички албум „Девојчето со долгата коса“. Стилот на албумот е современ синт поп со етно-џез примеси, составен е од авторска музика и текстови на Стефанија, снимани во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, микс прави Петар Димитровски, микс и мастеринг - Владимир Аговски. Гости на албумот се Владимир Враниќ на гитара и Владимир Николиќ на труба. Дизајн на албум прави Анамарија Мишачковска. За самиот албум се изработени и видео записи. Моментално е во тек промоцијата на видео записите за песните „Едно моме“, „Бегаш“,„По патот на светлината", „Да раширам крилја“.

Во 2019та година заедно со Владимир (гитарист), го создаваат дуото „Стефанија & Владимир“ и започнуваат со настапи во Србија и Македонија. 2020та година започна процесот на снимање на нивниот музички албум кој се состои од 30 песни, „Трилогија“ на Стефанија и Владимир, каде Стефанија се јавува како музички продуцент, композитор, текстописец и режисер. Ги промовираат песните: "Healer", „Од душата не ми бегаш“, „Нешто“, "Snow", „Ми Фалиш“. Дуото прави концерти на Нишвил Џез Фестивал, Златар фест, Србија, „Солстис“ Фестивал, Битфест Битола. Прават аранжман и ја изведуваат химната на Фестивалот за филмско сценарио во Врњачка Бања, Србија – „Бања те чека“. 

.

Огромен е бројот на нејзините настапи, а исто така и бројот на нејзините освоени награди како истакнат изведувач. Нејзините солистички концерти, авторски перформанси (Fly Project I, II, III, IV, Девојчето со долгата коса, Oneness...) и учество во мјузикли („Исцелител“, Music all, Hair - Бугарија, „Вечерна романса“ – џез- опера трио од Македонија, Кипар и Бугарија, учествува во претставите на „Интимен театар“: „Со љубовта шегување нема“ и „Будење на пролетта“, Отворање и затворање на „Манаки“ Фестивалот со музички перформанс, настапува со Камерниот оркестар на Битола. Во 2017та година ја создава нејзината емисија „Со љубов, Стефанија“, на телевизија Мега. Настапи кои се состојат од танц, глума и пеење се причината поради која таа се појавува како комплетен артист. Активист е за лицата со попречености, хуманитарно организира и се вклучува во проекти и настани поврзани со оваа тема со цел подигнување на свеста и враќање кон вистинските вредности. Настапува низ Македонија со нејзината група Bluesis во периодот од 2012-2014та година во блуз, рок, поп и џез стил.Во 2010 година учествува во шоуто Музички Идол.

 

Стефанија е професионален кореограф во модното студио и студио за модерен балет „Анастасија“ во Битола, од 2006 година. На 7-годишна возраст запопочна да танцува во школата „Ребис“. Таа танцува, учествува во групи и индивидуално, на фестивали и натпревари, работилници („Радоста на танцот“ – Софија, Бугарија во 2016 година; „VOGUE“ Барселона, Шпанија во 2016 година; „BEYOUND TEHNIQUE“- Софија, Бугарија во 2016 година; Илиев танц - „Dance it“ - Софија, Бугарија во 2014 година; Гетеборг, Шведска“ Адрианас Данс „- модерен балет, џез балет, современ балет и хип хоп во 2011 година). Кореограф е на многу детски фестивали, избор за песна на Евровизија, флеш мобови, организира и прави кореографија на перформанси со мода и танци по повод 10, 15 и 20 години од постоењето на студиото „Анастасија,кореограф и режисер на Мјузикл „Исцелител“, Танцови перформанси: „Мојата желба е …”, „Среќа е да танцуваш”, Шоу перформанс „Сила на Слободата”, „Се викам Македонија“,„Бесконечност“, „Иновација“, организатор е на „Танцувај без предрасуди“ танцов хепенинг по повод интренационалниот ден на танцот. Дел е од организацијата на изборот за битолски таленти „Битола Те Сакам. Кореограф е на детските фестивали Си-до, Ѕвездички, Тралала, Мегабит, Езерски Бисери, и фестивалите Охрид Фест, Мак Фест во периодот од 2006 -2020та година и создава над 500 кореографии.