Музичкото дуо „Стефанија и Владимир“ е македонско - српско дуо создадено во 2019та година. Во 2020та година започна процесот на снимање на нивниот музички албум „Трилогија“ на Стефанија и Владимир, кој се состои од 30 песни, и се снима во музичкото студио „Welcome to Stefanija’s Music World. Нивниот печат е електро-поп, рок, блуз и џез музика, со длабоки текстови кои посочуваат кон свесност, танцова експресија и препознатлив моден стил. Тоа е причината на нивните настапи да заземат учество и современи танчерки изведувајќи музичко танцови перформанси.
Во 2021та година започнува промоцијата на аудио и видео записи („Healer”, „Нешто“, „Snow“, „Од душата не ми бегаш“ и „Ми фалиш“) од новиот музички албум, кој е симбол за верба, себеспознавање и вистинска љубов. Нивниот начин на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста.
Стефанија е главен вокал, композитор, текстописец, аранжер и продуцент, а Владимир се јавува како гитарист, вокал, композитор, текстописец и аранжер. Дуото настапува и на српската и македонската сцена: имаат студиски снимања за Muzzik tv во Белград, Nisville џез фестивалот, Златар фест, Битфест, Festival de Musique...
Стефанија е професионална џез и поп пејачка, една од основачите на „Анастасија Центар“ Битола (Центар за музика, танц, мода и изведувачка уметност) каде работи како професионален музички педагог и кореограф. Таа е продуцент во музичката и видео продукција Welcome to Stefanija’s Music World, каде го има издадено првиот музички албум „Ретро – Перспектива“ како солист. Владимир е професионален кошаркар и гитарист, кој своето знаење го стекна од познатиот гитарист и композитор Радомир Михаиловиќ - Точак. Владимир e композитор и аранжер на музичките секвенци на мјузиклот „Исцелител“.
Стефанија и Владимир оставаат печат на уникатност, топлина, љубов, авторска музика која допира до срцата на слушателите. Мултидисциплинарноста и комплексноста на целиот перформанс ги пренесоа длабоките пораки кои се кријат во самите текстови на песните. Нивната цел е поддршка и соработка со други артисти во областа на музиката и танцот, поради размена и кохезија на уметнички експресии и истражување на нови димензии. Нивниот печат е автроска музика, длабоки текстови кои пренесуваат силни пораки, танцова експресија и препознатлив моден стил.