„Девојчето со долгата коса“ соло музички перформанс на Стефанија

„Девојчето со долгата коса“ соло музички перформанс на Стефанија (промо)

[youtube id=”k6k9eTp136g”]

„Девојчето со долгата коса“ соло музички перформанс на Стефанија (цел перформанс)

[youtube id=”iQL6vEXmpa4″]

„Девојчето со долгата коса“ (текст)

Секогаш кога ќе дојдеше на местото наречено “мир”, го доживуваше истото чувство на спокој и среќа, девојчето со долгата коса.  Во воздухот струеше топлина и желба за откривање на најголемите тајни на човештвото. Нејзините силно изразени мисли, беа доволно моќни за природата да го почувствува тоа вибрирање и треперење. Седна на каменот кој си го беше крстила Душан, затоа што бил добар и ја слушал. Кога ја крена главата, пејзажот се рашири пред нејзините очи небаре со нетрпение ја чекаше да и раскаже за сѐ што досега пропуштила.

Таа разговараше со сѐ што беше околу неа и е дел од природата, но најмногу со самата себе. Понекогаш знаеше и да ѝ се обрати на својата мисла:

– Еј ти, мисло моја, знаеш некогаш вистински да одлеташ во насока недоволно позната, но знам, тоа е провокација за запознавање на неодговореното. Толку упорно длабиш и проникнуваш длабоко во суштината на најсуштинските проблеми на денешницата. Чудесно си неуморна и затоа си наградувана со одговори кои се зачувани длабоко, затворени со повеќе катанци, катанци на мојата душа. За некој да ги отвори потребен е клучот на вистината! … Хахах .. за да стигнеш до тој клуч, знај ќе треба побрзо да истрчаш од бездната наречена “живот“ и да ги побараш и откриеш мистериозните твои тајни, па среќно да ги рашириш крилјата кои се згрижени кај твојот анѓел чувар! Но, да! Знам не ти е лесно да го направиш тој чекор, чекор наречен СИЛА, водена кон подобар и вистински живот! Твоите забрзани чекори неможе секој да ги слушне, затоа што глуви се сите околу мене и пополека бавно го губат својот вид, немајќи сили ни да прозборат! Скроти се мисло, опасно е таму за каде што си тргнала, можеш да наидеш на мир и љубов, но кој ти ја дава таа гаранција, имаш големо искуство и ти е докажано спротивното. Еј ти, мисло… Стој! Знам што сакаш да ми кажеш, но нема да дозволам тоа што си го видела и чула да ме попречи. Јас знам дека можам! Јас знам дека знам, јас верувам , јас постојам! Јас сум сигурна дека мене вистината ме вика, како разитана птица тргнав по неа, нема ветер што ќе ме попречи, нема човек што ќе ме спречи, затоа што знам колку сакам и трагам по она што можам да го почувствувам и интуитивно да го осетам. Јас знам дека ТОА е она што е и ВИСТИНАТА!

Тука беше прекината од неколкуте коњчиња, кои беа во потрага на храна, а таа ги претвори во своја верна публика. Од нејзината десна страна, наѕираа битолските куќи, недалеку од ливадите каде што се наоѓаше… Девојчето со долгата коса, завзеде сериозен став за да раскажува.

– Илјада деветстотини и … генерали, офицери… синтеза на палета и тврдина… Ја слушам таа мелодија… Колку подолго стојам тука, го осеќам духот на тоа време… конзули, балови. Да! Јас бев таму, тукушто доаѓам од таму. Танцуваа, свиреа, пееја… И не само тоа, таму ги видов… Ако започнам да набројувам ќе излетаат толку историски имиња од мојава уста што… Таму ја сретнав мојата баба, мојот дедо, нашите предци. Најдобро е да мечтаам. Се ежам само што ќе се сетам. Колку е убаво… Сето ова е наше, мое, твое – наше, МАКЕДОНИЈА! …  ЈАС  сакам да творам, сакам да отворам пат, дали е нов или е пред нас напишан, ниту  паднатите лисја во паркот неможат да ни кажат. Којзнае како им е нив… и најдобриот човек ги гази. Но, свикнале, дури ги чекаат и вљубените да зачекорат на нив. Можеби тоа е начин на примање љубов?

– Се решив за љубов. Верувам во љубов, затоа што сите сетила ме натераа да и верувам. Верувам во љубов! И ако повторам уште неколку пати ќе ја натерам мислата да поверува. Мислата велат била побрза и од светлината, а надежта ми е зависна од таа светлина. Ја замолив светлината да ми ја осветли оваа луда глава и посакав да летам! Еј! Птицо! Слетај до мене, за јас да одлетам  и да го оставам срцето скроб на невљубените, затоа што имаат потреба од тоа. Сакам да отидам некаде далеку, подалеку отколку што гледам и чувствувам. Затоа пуштете ја вашата душа да одлета, бидете среќни, сакајте, верувајте, затоа што – ништо не е случајно!

Понесена од силината на својата мисла, разбираше колку многу ја сака слободата. Ги рашири рацете, ги погледна ѕвездите и им се заблагодари што и  и проникнуваат  надеж во секој  момент кој создава  страв од непознатото. Кога мислеше за Слобода, мислеше на духовна Слобода и Слобода низ ВИСОК МОРАЛ. Благодарно се обраќаше на сѐ околу себе и зрачеше среќа, потребна за да добие смисла самиот живот. Се спушти по ливадата, со чекори поголеми од секое можно материјално човечко достигнување и даде смисла на вистинската среќа, чувствувајќи ја слободата!  Девјчето со долгата коса се до ден денес, се бор за ВИСТИНСИТЕ ВРЕДОСТИ. Тоа го правам сеуште, Јас – Девојката со долгата коса!

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *