Happy International Jazz Day!
„Добро утро џезери“ е џез импровизација во живо на Стефанија (вокал) и Владимир (гитара), со нов текст и аранжман на добро познатата песна „Добро јутро џезери“ од Бајага и Инструктори.
Овој перформанс е посветен на Интернационалниот ден на џезот. Со мала доза на иронија е создаден новиот текст, иронија кон моменталната состојба и односот кон џез музичарите на Балканот. Со надеж дека овој стил на музика ќе стане се поактуелен и позастапен во иднина, се опева со зборовите: „Добро вечер џезери, животот дојде, само импровизирај, сите џез ќе слушаат. Сите џез ќе слушаат“… Локација на видео- Welcome to Stefanija’s Music World, Анастасија Центар.
Повеќе информации за самата песна: https://radiosarajevo.ba/radio/aktuelno/bajaga-i-instruktori-i-dobro-jutro-dzezeri/390976
Љубители се на џез стандардите, па затоа од време на време споделуваат и преработуваат некоја нивна омилена песна. Целта им е, покрај нивната авторска музика, преку преработки, да ги зачувуваат вредностите на квалитетната музика, која едуцира, го изострува вкусот и поставува повисоко ниво на разбирање на самата музика.
Македонско – српското дуо Стефанија и Владимир, ја издаде петта по ред композиција од нивниот албум, кој е во процес на создавање. Дуото е создадено во 2019-та година. Начинот на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста.
Песните ги издаваат како синглови, на македонски, српски и англиски јазик: ,,Healer”, ,,Нешто”, ,,Од душата не ми бегаш”, ,,Snow” и ,,Ми фалиш”, а во процес на создавање се околу 25 песни.
Повеќе музика од Стефанија & Владимир: https://youtube.com/playlist?list=PLcnJGEGFAw7Pb-R2U-nftwqEF1wvmgtlE