Стефанија и Владимир, заедно со нивните гости приредија магичен музички перформанс во Палатата на Културата

На 12.09.2022 во Палатата на Културата во Битола – Офицерски дом, во рамките на “Бит фест“ – офф програмата, се одржа музички перформанс кој ја остави публиката без зборови. Емоциите предизвикани на овој настан траат и се раскажуваат со денови. Самата тематика на настанот, гостите кои го збогатија, амбиентот и акустиката на просторот, направија оваа …

Стефанија & Владимир со музички перформанс на Нишвил Џез Фестивалот

Како дел од фестивалот на 12.08.2022 на Младинската Музеј Сцена, со музички-танцов перформанс, настапија Стефанија & Владимир. Танчерките во нивна придружба, Ангела Петровска и Сања Лазаревска се дел од Анастасија Центар (Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц) – Битола. Костимите ги изработи модната дизајнерка Анастасија Зулевска.

„Ми фалиш“ нова песна и видео запис на Стефанија & Владимир

Музичка и видео продукција – Welcome to Stefanija’s Music World
Новата песна „Ми фалиш“ на македонско – српското дуо Стефанија & Владимир, е петта по ред композиција од нивниот албум, кој е во процес на создавање. Дуото е создадено во 2019та година. Начинот на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста.