Музичкиот перформанс „Девојчето со долгата коса“ на Стефанија периодов е на Балканска турнеја, по повод промоција на истоимениот македонски албум. Турнејата се одржа во Битола, Скопје, Белград, Сараево и Мостар.
Во секој град се вклучуваат гости уметници од областа на музиката, танцот, модата и литературата. Целта е да се направи кохезија на културите, создавајќи темелен приказ на внатрешните емоции што произлегуваат од процесот на себеспознавање, споделување и битосување како уметници на балканското тло. Стефанија како кантавторка, дипломирана поп/ џез пејачка, магистер по современ танц, мултидисциплинарен артист, има уникатен уметнички израз и ги презентира, своите дела преку аудиовизуелна перцепција.



На 05.02.2025 во Музичкиот Центар „Павароти“, во Мостар, се одржа перформансот кој повторно обедини и спои повеќе различности во една целина. Гости на перформансот беа танчерите на танцовото студио „Флеш“, а кореографија потпишува Јасмина Ребац. Уметнички приказ на емоции преку различни возрасти на танчери, каде се прикажа растењето на една личност, освестувањето и борбата да го зачува детето во себе, да верува и да остане присебна во моменти кога животот ја носи во различни искушенија.






Стиховите на Аднан Жетица ја расположија публиката, со својот контраст, шеговитост и иронија. Додека меланхоличните стихови на Мили Тиро, ги разнежни срцата на сите присутни. После настанот беа доделени благодарници за успешната заедничка соработка. На дискусијата, кој е заклучокот за самата вечер, младите дадоа повеќе одговори: чиста љубов; верба во себе; верба во Бог; преубава организација …






Фотографии: Ивана Крезиќ