“Будење на пролетта” – претстава посветена на жената со доза на битолски сарказам
Интимен театар ја изненади својата верна публика со нова претстава, која овојпат е целосно посветена на жената.Претставата е работена по текстови од Франк Ведекинд и документарни материјали. Играат Здравко Стојмиров, Стефанија Милевска и Софија Ристевска.