Center – Lounge & Fresh Bar во срцето на Битола

 

Center – Lounge & Fresh bar е првиот локал за здрава храна во Битола кој има за цел да освестува, мотивира и буди.

Локал кој раѓа надеж за подобро утре и здрави генерации.

Идејата е преку себе спознавање, грижа кон сопственото тело, преку споделување на љубов и енергија да се започне подигнување на свеста во Битола.

ЦЕНТАР се наоѓа во срцето на градот и пулсира во ритамот за подобро утре на битолската младина и враќање на вистинските вредности.

Локацијата е на Широк Сокак 61 на првиот спрат, во склад на уметничкиот центар Анастасија Центар.

 

Ентериерот на локалот е детално обработен и ги претставува во вид на катчиња, четирите елементи: вода, воздух, оган и земја, петтиот елемент е љубовта која се наоѓа во храната, пијалоците и енергијата која кружи во просторот.

Персоналот носи дизајнерски униформи на креаторката Анастасија и секогаш стои на ваше располагање.

 

Доколку имате дилеми околу здравиот начин на исхрана или доколку сакате да ја смените вашата исхрана, можете слободно да се обратите за совети кај сопственикот на локалот, кој целиот живот го посветил на спортот и здравиот начин на живот, Дарко Милевски.

 

 

За сите коишто се љубители на здравиот начин на живот ова е местото каде што ќе се чувствуваат како дома во пријатен амбиент со музика, книги и позитивна енергија.

 

 

 

Вкусете ги неодоливите свежи џусеви, енергетски топки и тартови, смути, овесна каша и чиа пудинг за доручек, супа на денот, оброк салати, даски за двајца и четворица со топки од хумус, лепчиња со лосос, кои се само дел од обилното мени кое исто така е доста погодно за вегетаријанци, вегани и спортисти.

Посетителите можат да доаѓаат во големи групи или самостојно во друштво на некоја книга. Преку ден на доручек, свежи сокови и супи, пред и после тренинг на смути, за ручек или за вечера и чаша вино.

 

 

 

Во викенди е активен барот каде посетителите можат да се послужат и со алкохолни пијалоци.

Сцената е во кабаре стил за артисти и изведувачи кои имаат авторска музика, креативци, танчери, презентери, промоции, дебати и сите активности кои водат кон подигнување на свеста. Локалот има капацитет за околу 70 души.

 

 

Доколку сте кратки со време или сакате да пешачите по Широк Сокак, можете да си нарачате храна и пијалоци за носење или за дома.

Контакт телефон за нарачки: 047 528 362

Fb: Center – Lounge & Fresh Bar

Работно време: Понеделник – Четврток, Недела  09:00ч. – 00:00ч.

Петок и Сабота 09:00ч. – 01:00ч.

 

 

 Менито на ЦЕНТАР е поддржано од Софија Христовска (Artself) Барселона, Шпанија.

 

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ВО CENTER – LOUNGE & FRESH BAR

БИТОЛА, МАКЕДОНИЈА

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *