I know we’ll meet again (на другата страна) – Стефанија со силна порака во новата песна

 

Понесена од силината на тажните емоции кои ме преовладаа цел период на изминатата година, ме поттикнаа да напишам песна која ќе остане спомен за мојот близок пријател Џоле (Ѓорѓи Стефановски, 28). Тој прерано го напушти овој свет погинувајќи во собраќајна незгода.

Многу драги спомени, многу мигови поминати заедно и многу искуства споделени од мотo светот се преточија во песната ,,I know we’ll meet again”. Во самото видео се споделени лични информации, фотографии и за прв пат се направи изложба на уметничките дела кои ги нацртал лично тој.

 

Во видеото е претставена куќата на Широк Сокак 61, во која по негова заслуга сеуште творам јас (Anastasija Center, Center – Lounge & Fresh Bar, музичкото студио Welcome to Stefanja’s Music World, каде беше снимена песната) и Astra Casino, каде тој беше менаџер. Нашата заедничка сторија се преточи во музички продукт кој беше целосно спонзориран од генералниот спонзор Novomatic groups of compainies, негови блиски пријатели и соработници, се со цел да остане еден спомен кој ќе биде емотивно сеќавање за неговиот живот.

 

Промоцијата на песната беше направена во Center-Lounge & Fresh Bar на 09.06.2018 година, дата на неговиот роденден, која беше симбол за неговото огромно срце, за забавите кои ги организираше за дружење со најблиските пријатели.

 

 

 

За само 3 дена од промоцијата на песната, од овој свет замина мојот најстар брат Игор, кој 38 години херојски битуваше во тело со хендикеп.

Церебрална парализа и 100% оштетување на мозокот, со попреченост на говорот и движењето. Симболот за безрезервна љубов. Мудрецот кој ме научи да сакам бескрајно и да споделувам безрезервно. Дa го ценам животот и да сум благодарна за тоа што го имам , за сопстваното тело и разумот кој го поседувам . Духовноста ми ја издигна на пиедестал затоа што единствна комуникација беше спојот на нашите души.

Со песната,,I know we’ll meet again“ несвесно го навестив овој момент…

Содржината на последната издадена песна ни најмалку не помислив дека ќе стане химна за сите што не напуштиле и заминале на другата страна. Симболично е тоа што текстот одговара на особините на двајцата Игор(38) и Џоле(28), затоа што тие, според мене и тие што добро ги познаваа, беа симболот за Љубов. Ја користам оваа прилика да го освестам чувството кое се јавува на духовен план после смртта. Затоа што свесно тврдам дека ме чуваат од другата страна, но додека сме тука на земјата во материјална форма треба да се почитуваме и максимално да си помагаме, посебно со најблиските. Затоа што откако ќе не напуштат, единствен линк ни е духовноста или говорот на душите. Но без разлика на формата ние од секогаш сме знаеле дека со нив сме биле сродни души.

Како сестра и пријателка која загубила, Благодарна сум што со музиката можам да ги раскажам чувствата тогаш кога ми е најтешко и да допрам и до другите повредени срца за да ги излекувам…

Со љубов,

Стефанија

Stefanija – I know we’ll meet again (Official music video) © 2018

Welcome to Stefanija’s Music World

www.stefanijaofficial.com

Music/ Lyrics – Stefanija

Arrangement – Mark Purpose /

Stefanija Music Production – Welcome to Stefanija’s Music World / Box Production

Directed by: Stefanija Video Production: Shoot & Shine Production

Director of photography – Goran Kuzmanovski

Costumes: Anastasija Fashion Studio

Accessories : Art Land

Hairstyle: LTD Salon

Make-up: Ksenija Vangelovska

Participants: Dancer – Marija Naumoff Artist – Angela Petrovska

PartyDj – Dj Boc.A – Anastasija Center’s members Mutual friends of Gjorgi and Stefanija

Paintings – Gjorgi Stefanovski 1989 – 2017

Location – Shirok Sokak 61

Anastasija Center

Center – Lounge & Fresh Bar

Robevsky Luxury Rooms

Special thanks to our General Sponsors – Novomatic – Group of compаnies

I KNOW WE’LL MEET AGAIN

„Твојата насмевска доаѓа во моите сништа…

Помагаше со љубов без лимит…

Ме тераш да се смејам повтoрно, а ти си …

На другата страна …”

Why do I have to write

a sad song about you “G”

You were funny and nice

Happiness is what you symbolize

Your smile had a power

Hands full with a lavender flower

Sharing and caring for others

affection without limitation

your positive vibration

makes me smile again

I lost a friend

I’ve lost a soulmate

Faith is fulfilling my lonely days

Trying to cope with these broken ways

Only memories are flash backs

Cause I lost a friend

I know we’ll meet again

God only knows when

I will put away the pain

because I know we’ll meet again x2

Your angel will lead you

And show you the right way

Finding in Heaven

Peace and Love again

Reminder of the mission

Is a house full of musicians

Painting my music piece

You are in my dreams

Day after day,

ride after ride

We’ll meet up

on the other side x2

I know we’ll meet again

God only knows when

I will put away the pain

because I know we’ll meet again x2

Trying not to cry

Your soul lasts forever

never does it die

we’ll always be together

and never say goodbye

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *