Промоцијата на првиот музички албум на Стефанија завршува во МНТ (мала сцена) – Скопје

3

После успешната турнеја низ Македонија (Битола, Охрид, Прилеп,Велес, Струмица, Гевгелија, две промоции во Скопје) во текот на ноември и декември, промоцијата на првиот музички албум на Стефанија завршува на 17.12. (четврток), 19ч. во МНТ (мала сцена) – Скопје. Турнејата е поддржана од Бизнис Академија Смилевски – БАС.

На самото место ќе имате можност и да си го набавите албумот “Ретро- Перспектива”. Продажбата е со хуманитарен карактер, половина од средствата се наменети за битолчанецот Горазд Николоски- Гого.

Влезот е слободен.

DSC_9896_1200

 

            Танчери кои ја придружуваат Стефанија се студио за модерен        балет “Анастасија”. Специјални гости се децата со оштетен слух    и  говор од Заводот за  рехабилитација – Битола, децата од    детска  градинка “11 Октомври” – Скопје и ООУ “Димитар  Миладинов” – Скопје. Домаќини на  настанот се  Црвен крст – Скопје, а на самото место ќе бидете  топло пречекани од тимот на Juice bar Squeeze me (СКВИЗ МИ).

“Ретро > Перспектива” е настан кој има да каже многу, пренесува силна мисла и освестува многу емотивни теми. Целта е да ве разбуди и потсети на вистинските вредности, на хуманост, љубов и среќа…  Пренесено на повеќе начини: преку говорот на телото, танц,  гестикулација или превод на знаковен јазик и преку новите видео записи, се промовира албумската верзија на првиот албум на Стефанија, кој има за цел да допре до сите срца!

 

40   14     DSCN4824    12291837_1077408292311964_1540618225778514618_o

“Моја основна идеја е мојата музика да допре до сите слоеви на публиката во Македонија, но посебно важна за мене е публиката со СПЕЦИЈАЛНИ ПОТРЕБИ, затоа што за таа таргет група многу ретко се води грижа, а тие луѓе се исто така еднакво чувствителни кон целата уметност што се случува околу нас. Точно заради тоа, јас ги вклучив и децата со оштетен говор и слух во перформансот со кој го промовираме албумот, а нивната безрезервна љубов, поддршка и позитивна енергија, бескрајно многу ми значат. Во моето најтесно семејство имаме член со специјални потреби и точно од тука доаѓа мојата директна идентификација со овие прекрасни луѓе. Издавајќи го овој албум, јас сакам да оставам свој специфичен белег врз моменталната музичка сцена кај нас, користејќи повеќе изразни средства за негова презентација, како танците со коишто долги години се занимавам, тргнувајќи од претпоставката дека секој пејач мора да е активен перформер на сцената. Исто така со презентацијата на албумот, јас презентитам и три мои спотови, затоашто верувам дека визуелниот идентитет на мојата музика треба да се движи паралелно со самата неа. Мојата музика и мојата публика се двата основни елементи што ме дефинираат како уметник“, вели Стефанија .

12186365_537795889712699_3904984803188628881_o  97    12291906_1077408432311950_7779847869264652397_o  5

Повеќе информација за Стефанија : www.stefanijaofficial.com / fb page: Stefanija Stefanija

Stefanija skopje MNT

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *