„Ми фалиш“ нова песна и видео запис на Стефанија & Владимир

Музичка и видео продукција – Welcome to Stefanija’s Music World
Новата песна „Ми фалиш“ на македонско – српското дуо Стефанија & Владимир, е петта по ред композиција од нивниот албум, кој е во процес на создавање. Дуото е создадено во 2019та година. Начинот на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста.

Празнични џез вибрации со Стефанија и Владимир

Песната е снимена во живо во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, 1 mic – 1take. Импровизација на само едно снимање, што ја прави уште поискрена и поедноставна да допира до душата и да разнежнува. Текст – Стефанија, Музика – Владимир, Аранжман – Стефанија и Владимир.

Center – Lounge & Fresh Bar во срцето на Битола

Center – Lounge & Fresh bar е првиот локал за здрава храна во Битола кој има за цел да освестува, мотивира и буди.
ЦЕНТАР се наоѓа во срцето на градот и пулсира во ритамот за подобро утре на битолската младина и вистинските вредности.
Локацијата е на Широк Сокак 61 на првиот спрат, во склад на уметничкиот центар Анастасија Центар.
Контакт телефон за нарачки: 047 528 362
Fb: Center – Lounge & Fresh Bar

„Со љубов Стефанија“ 02.07.2017|Емисија бр.11

Гости: Анастасија Зулевска Милевска, модна дизајнерка и незаменлива мајка на Стефанија!
Исхрана: пикник во природа со Елена Чороловска, дипл. нутриционист.
Тема: колку е важна поддршката од најблиските, борци за вистината и вистинските вредности, албумот ,,Ретро- Перспектива“ ги поврзува 11те емисии и става крај на првата сезона на емисијата ,,Со љубов Стефанија“.
Музика: Стефанија & Dj Boza – The Forbidden (Club Mix)
(Албум Ретро – Перспектива 15′)

„Со љубов Стефанија“ 25.06.2017|Емисија бр.10

Гости: Софија Ристевска, режисерка и сопственичка на првиот приватен театар со сопствен простор, Интимен Театар;
Исхрана: Елена Чороловска, дипл. нутриционист;
Тема: уметноста и културата, детоксификација и театарот како дом на артистот.
Музика: Стефанија & Dj Boza – I was there (Албум Ретро – Перспектива 15′)

„Со љубов Стефанија“ 18.06.2017|Емисија бр.9

„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија,
посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.
Гости: членови и волонтери на здружението Мали Херои Битола, Билјана Јошевска и Цеце Мароковска;
Елена Чороловска дипл. нутриционист (тема исхрана).
Домашни миленици: кученцето Јована и папагалот Стив.
Тема: Бездомите животни, домашните миленици и нивната моќ да смируваат и да ја балансираат енергијата, домашна градина.
Музика: Стефанија – After rain comes sun (Албум Ретро – Перспектива 15′)

„Со љубов Стефанија“ 11.06.2017|Емисија бр.8

Гости: членовите на мотоклуб „Конзули“ Битола – Илија Банчотов, Ѓоко Ѓорѓиевски и Борче Гацовски.
Тема: адреналинската слобода на моторџите како начин на живот, предрасудите и ставовите околу оваа тема, слободата низ висок морал и совети од нутрициоист за покачување на тежина.
Музика: Стефанија – Catch the stars (Албум Ретро – Перспектива 15′)

„Со љубов Стефанија“ 04.06.2017|Емисија бр.7

Гостинка: Викторија Мурговска, ракометарка и тренер.
Тема: Ракометот како тимска игра, правилна конзумација на овошје и да ја почувствуваме вибрацијата која ни ја праќа природата.
Музика: Стефанија – Само мој (Албум Ретро – Перспектива 15′)