„Бегаш“ нов видео запис на Стефанија – Девојчето со долгата коса (Видео)
Овој видео запис е втор од четирите спотови кои се поврзани во приказната на „Девојчето со долгата коса“, според истоимениот албум кој беше промовиран на крајот од 2023та година. Бегаш е крик на македонската уметница Стефанија, пејачка, која аудио визуелно ја доловува колевката на македонскиот народ и повикува кон себеосвестување, осврт кон својот корен, кон својата земја, кон својата вистина.