Музичкиот албум ,,Девојчето со долгата коса” – Стефанија, сега е достапен и на Youtube каналот Welcome to Stefanija’s Music World

Музичкиот албум ,,Девојчето со долгата коса” – Стефанија, можете да го слушате на Youtube каналот Welcome to Stefanija’s Music World, наскоро ќе биде достапен и на другите музички платформи. Доколку сакате да го имате дискот, достапен е во Анастасија Центар по цена од 300 ден. Исто така се продаваат и маички, мерч на „Девојчето со долгата коса“ по цена од 500 ден.

„Девојчето со долгата коса“ новиот албум на Стефанија, разбуди лавина од емоции кај битолчани

На 25.11.2023 (сабота), во Анастасија Центар Битола, студио Welcome to Stefanija’s Music World, како во зимска бајка се одржа долго најавуваната промоција на вториот студиски албум на Стефанија Милевска Враниќ. Новите песни беа презентирани на доста специфичен начин, секоја просторија во Центарот беше тематски уредена за темелно да се пренеси секоја од песните и промоцијата се одвиваше во три дела.

Стефанија и Владимир, заедно со нивните гости приредија магичен музички перформанс во Палатата на Културата

На 12.09.2022 во Палатата на Културата во Битола – Офицерски дом, во рамките на “Бит фест“ – офф програмата, се одржа музички перформанс кој ја остави публиката без зборови. Емоциите предизвикани на овој настан траат и се раскажуваат со денови. Самата тематика на настанот, гостите кои го збогатија, амбиентот и акустиката на просторот, направија оваа …

Стефанија & Владимир со музички перформанс на Нишвил Џез Фестивалот

Како дел од фестивалот на 12.08.2022 на Младинската Музеј Сцена, со музички-танцов перформанс, настапија Стефанија & Владимир. Танчерките во нивна придружба, Ангела Петровска и Сања Лазаревска се дел од Анастасија Центар (Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц) – Битола. Костимите ги изработи модната дизајнерка Анастасија Зулевска.

Со музички перформанс на „Солстис“ Стефанија и Владимир го празнуваа денот на Музиката

Вчерашната музичка магија на Широк Сокак пред Киното Манаки, беше музичкиот перформанс на Стефанија и Владимир, збогатено со танцот на заштитните лица на Анастасија Центар (Ангела, Сања, Емилија и Анастасија).

„Ми фалиш“ нова песна и видео запис на Стефанија & Владимир

Музичка и видео продукција – Welcome to Stefanija’s Music World
Новата песна „Ми фалиш“ на македонско – српското дуо Стефанија & Владимир, е петта по ред композиција од нивниот албум, кој е во процес на создавање. Дуото е создадено во 2019та година. Начинот на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста.

Празнични џез вибрации со Стефанија и Владимир

Песната е снимена во живо во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, 1 mic – 1take. Импровизација на само едно снимање, што ја прави уште поискрена и поедноставна да допира до душата и да разнежнува. Текст – Стефанија, Музика – Владимир, Аранжман – Стефанија и Владимир.