На 12.09.2022 во Палатата на Културата во Битола – Офицерски дом, во рамките на “Бит фест“ – офф програмата, се одржа музички перформанс кој ја остави публиката без зборови. Емоциите предизвикани на овој настан траат и се раскажуваат со денови.
Самата тематика на настанот, гостите кои го збогатија, амбиентот и акустиката на просторот, направија оваа вечер публиката да се почувствува посебно.
Стефанија и Владимир оставаат печат на уникатност, топлина, љубов, авторска музика која допира до срцата на слушателите. Мултидисциплинарноста и комплексноста на целиот перформанс ги пренесоа длабоките пораки кои се кријат во самите текстови на песните. Нивната цел е поддршка и соработка со други артисти во областа на музиката и танцот, поради размена и кохезија на уметнички експресии и истражување на нови димензии.
Гости на настанот беа Дадони Трампет – на труба, Анастасија Центар – танцов перформанс и вокална изведба. Костимите ги изработи креаторката Анастасија Зулевска. Фотографиите ги потпишува Ивона Кочов.