LUX LIFE (Вистината во тебе, Tоа ми треба) – НОВА ПЕСНА И НОВ ВИДЕО ЗАПИС НА СТЕФАНИЈА

На 09.11.18 во Center – Lounge & Fresh Bar, Битола беше направена промоција на новата песна “Lux Life” и новиот музички видео запис на Стефанија. појот на ретро соул, синт- поп, електро- диско и репетитивен поп рефрен е всушност тоа што ја карактеризира “Lux Life”. Со ” I know we’ll meet again” и “ Lux Life”  прави камбек со авторска музика која се снима во музичкото студио Welcome to Stefanija’s  Music World.

Live Литературен Перформанс – синтеза на книжевност, музика и филм

Life Литературен Перформанс е основан во август 2011 год. Оваа година за прв пат Стефанија како вокал, се приружи на останатите членови од составот: Игор Трајковски – Фоја, Симс Себастијан Паркет, Славчо Јовев, Пеце Николовски и Mark Purpose. Kонцептот на перформансот беше читање на параграфи, фрази, цитати на текстови од членовите на составот. Сето тоа беше дополнето со музичка позадина и музички точки, создадени од членовите на составот.