FLY PROJECT II и “СИЛА НА СЛОБОДАТА” ги воодушевија битолчани!

На 12.07.2015 во 20:30 ч. како дел од културното битолско лето Битфест 2015, во центарот на Битола, се одржа шоу перформансот “Сила на Слободата “. Тој се состоеше од модна ревија на креаторката Анастасија Зулевска и Fly Project II – концерт на СТЕФАНИЈА, со кој беше промовиран нејзиниот прв албум “Ретро > Перспектива”. За фризура и шминка се погрижи фризерското студио “ЛТД” . Со гостувањето на битолските моторџии “Конзули” aтмосферата беше направена уште поеуфорична . Целиот настан беше снимен од продукцијата “Гнасни деца”.

DSC_4957

     За прв пат во Битола се одржа шоу перформанс од светски тип, што е причина БИТОЛЧАНИ да се горди на своите сограѓани. АНАСТАСИЈА на уникатен начин и со нејзин препознатлив стил ја презентираше Слободата на нејзината мисла. Авангардните 43 модели беа носени од страна на спортисти, музичари, глумци од градот, со цел да се пренесе порака која ги разрушува веќе поставените бариери во однос на облекувањето. На модната ревија имаше 5 колекции во кои стилот на модели беше разигран заради проткајување на нитката СЛОБОДА .

[tribulant_slideshow gallery_id=”15″]

СТЕФАНИЈА како комплетен артист, преку песна и активни сценски движења го презентираше првиот албум “Ретро > Перспектива”, составен од стари и нови песни, од нејзиниот 11 годишен период како активен соло изведувач. Дел од песните се преработка на старите детски песни, односно препев со нов аранжман, изработени во студиото на Борче Шабановски. На сцената беше промовирана новата соработка – песната “Dance” со диџеј Аце – Мице. Нејзина придружба за време на сценскиот настап беа танчерките од студиото за модерен балет “Анастасија” и актерот Здравко Стојмиров. За песните се подготвуваат и видео записи, кои наскоро ќе имаат промоција. Изработените креации на Анастасија од оваа ревија, се модна линија на Стефанија за оваа година.

[tribulant_slideshow gallery_id=”14″]

Основната мисла на Анастасија и Стефанија е СЛОБОДА низ ВИСОК МОРАЛ . Слободата не треба да ги премине тие морални граници и е доста тешко да биде тоа постигнато , но доколку се успее – среќата е неизмерна …  Тие преку својот начин на изразување се обидуваат да допрат до луѓето и да пренесат порака која содржи пред се љубов и разбирање.

DSC_4961             DSC_4963

DSC_4662

 

За овој перформанс да биде наречен “настан од светски рамки” , придонесе реакцијата на битолската публика и размената на позитивна енергија од двете страни.

Јас , како изведувач , сум сведок за позитивните вибрации . Сите учесници беа наградени со громогласни аплаузи , а тоа мене и мојата мајка Анастасија не направи горди и најсреќни. Сакам да се заблагодарам на Златко Кузевски , задолжен за техничкиот дел , на МОДЕЛИТЕ кои за прв пат храбро се појавија на нашата модна писта и на Катерина Аневска со чиј говор се пренесе пораката СИЛА на Слободата.

 

Изготвила : СТЕФАНИЈА

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *