„Ми фалиш“ нова песна и видео запис на Стефанија & Владимир

Новата песна „Ми фалиш“ на македонско – српското дуо Стефанија & Владимир, е петта по ред композиција од нивниот албум, кој е во процес на создавање. Дуото е создадено во 2019та година. Начинот на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста.

Песната е преполна со емоции кои ги предизвикува секоја разделба помеѓу две битија. Поетично обраќање за силните чувства кои ги буди осаменоста. Потреба на сетилата од физичко присуство, допир и топлина за комплетно надоплонување на празнината која се јавува во душата. Болката носи во нова димензија каде започнува духовната поврзаност. Мислите се во потрага по сплотеност, а срцето чука во ритамот на вистинската љубов.

Музичка и видео продукција – Welcome to Stefanija’s Music World

Текст/ Музика/Аранжман – Стефанија, Владимир

Гитари – Владимир

Синтисајзер и ефекти – Стефанија

Пијано – Бојан Матоски

Пратечки вокали – Стефанија

Микс/ Мастеринг – Стефанија

Камера/ Видео Монтажа – Стефанија

Локација – Anastasija Center, Битола

Follow S&V:

Instagram: https://www.instagram.com/stefanija.vladimir.music/?hl=en

Facebook: https://www.facebook.com/Stefanija.Vladimir.Music/

Youtube: https://www.youtube.com/channel/UChIDiGuQ6cUZvcwXsF7Xf-w

Leave a Comment

Your email address will not be published.